1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Андов: Глигоров покажа како треба да се раководи во клучни моменти

2 јануари 2012

Стојан Андов, прв претседател на Собранието на РМ и тогашен претседател на Сојузот на реформски сили и Либералната партија на Македонија, по повод смртта на Глигоров се сеќава на соработката со него.

https://p.dw.com/p/13coz
Стојан АндовФотографија: AP

Стојан Андов оценува дека починатиот прв претседател на Македонија, Киро Глигоров, е личност со најважна улога во осамостојувањето на државата:

„Со Киро Глигоров судбината сакаше да соработуваме во клучните моменти за македонската историја-создавањето на македонската држава и првите моменти на независна Република Македонија. Двајцата бевме на клучните функции во државата -тој претседател на Република Македонија, а јас на Собранието на Република Македонија.  Имавме разбирање за клучните  работи во тие турбулентни времиња.

Двајцата дадовме пример како треба да се соработува. Тоа беа драматични времиња и Киро Глигоров покажа како треба да се раководи и затоа несомнено има историска улога во поновата македонска историја.

Тој е личноста која ја одигра најважната улога во осамостојувањето на Македонија“.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Ж.Ацеска