1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Атомската енергија и земниот гас означени како „зелени“

ЕМФ
2 февруари 2022

Нуклеарната енергија и земниот гас добија „климатски-печат“ од Европската комисија. Според Брисел, во одредени услови и под одредени критериуми атомската енергија е добра за климата.

https://p.dw.com/p/46Pz7
Frankreich I AKW in Cattenom
Француската атомска централа Катеном на границата со Германија: Франција успеа во напорите атомската енергија да биде вклучена во таксономијатаФотографија: Pierre Heckler/PHOTOPQR/LE REPUBLICAIN LORRAIN/picture alliance

Европската комисија одлучи да им даде „климатски печат“ на атомската енергија и земниот гас. Тие треба да бидат вклучени во ЕУ-таксономијата за одржливи активности (позната и како „зелена таксономија“), со која треба да се даде поттик на„зелени“ енергии со помош на инвестиции тешки милијарди евра. Надлежната еврокомесарка Мајрид Мекгинис изјави дека ова нуди „вистинско решение“ за целта на ЕУ да се постигне климатска неутралност до 2050 година.

За таа цел, според ЕК, се потребни инвестиции од 350 милијарди евра годишно. Таксономијата треба да даде поттик за приватни инвеститори. Критичарите негодуваат дека со нуклеарната енергија и гасот таксономијата ја губи веродостојноста и на крајот може да не биде прифатена од инвеститорите на пазарот на капитал.

Франција е зависна од атомска енергија (70% од енергијата доаѓа од атомски централи) и успеа во напорите овој вид енергија да влезе во таксономијата, што пак беше критикувано пред сѐ од Германија. Германските Зелени, кои се дел од новата влада во Берлин, попусто протестираа против „климатскиот печат“ за атомската енергија. Германската влада, меѓутоа, успеа во своите барања гасот да биде третират како преодна технологија. Германија е упатена на користење гас во текот на своетонапуштање на енергијата од јаглен и преминот кон еко-енергии од извори како сонцето и ветерот. Заштитниците на животната средина остро го критикуваа тој став.

Infografik Deutschlands Abhängigkeit in der Energieversorgung EN

Теоретски, земјите членки на ЕУ или Европскиот парламент, сѐ уште можат да го спречат стапувањето во сила на новите правила во 2023 година. Но, тоа се смета за тешко, поради големи пречки. Имено, за да се спречат новите правила против би требало да гласаат најмалку 20 земји членки на Унијата или да има апсолутно мнозинство во Европскиот парламент.

- повеќе: Индекс за заштита на климата: Толку е лошо, што првите три места се празни

Австрија најави дека ќе поднесе тужба против одлуката на Европската комисија за вклучување на атомската енергија и земниот гас во таксономијата. Австриската министерка за заштита на климата, Леоноре Гевеслер, денеска изјави дека нејзиното министерство во текот на наредните недели „ќе ги подготви сите неопходни чекори“ за тужба пред Европскиот суд доколку заклучокот на Европската комисија стапи во сила. Според Гевеслер, заклучокот на ЕК е еднаков на „гринвошинг“ (зелена камуфлажа, или неосновано третирање на стоки или услуги како еколошки) за атомската енергија и земниот гас.