(Аудио) Разговорите меѓу Камчев и Јовановски
9 август 2019Аудио документација во траење од над 12 минути утрово осамна на Јутјуб во која се пренесуваат серија разговори меѓу Јордан Камчев, Бојан Јовановски, Зоран Милевски поврзани со случајот „Рекет“, а во еден момент се појавува и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Не се работи само за последниот текст во весникот Ла Верита во кој е вклучено и видео со четири разговори, туку, како што велат од весникот, „за комплетните снимки од разговорите во случајот Рекет“.
Делумно транскрибираните разговори можете да ги прочитате тука.
Сепак, голема е веројатноста дека тоа не е се што се однесува до материјалите на Камчев. Според сознанија на ДВ, Камчев располагал со докази од повеќечасовен снимен материјал.
Се работи за вкупно осум разговори меѓу сведокот-жртва и осомничените во случајот „Рекет“.
Сите разговори можете да ги слушнете во нашиот Подкаст: