1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден ќе му се закани на Путин со драстични санкции

ЖА / агенции
30 декември 2021

Американскиот и рускиот претседател вечер ќе имаат телефонски разговор околу тензиите поврзани со Украина. Путин во пресрет на разговорот изрази надеж за можен ефективен дијалог.

https://p.dw.com/p/44zdo
Telefonat Biden und Putin
Фотографија: The White House/REUTERS

Растечките напнатости околу Украина се главна тема на која телефонски ќе разговараат американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Претставник на американската администрација изјави дека Бајден сака на Путин да му понуди „дипломатски пат кој ќе води кон напредок“. Но, ние сме подготвени на одговор и доколку Русија изврши натамошна инвазија врз Украина, вели дипломатот, на таа тема американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен вчера извршил консултации со сојузниците.

Неколку часа пред планираниот разговор, рускиот претседател Путин изјави дека се надева на можност за „ефективен дијалог“ меѓу Москва и Вашингтон, тој е убеден дека е можен напредок, но дијалогот мора да биде базиран на меѓусебен респект и свест за интересите на другиот.

Американската влада, според дипломатски извори, и натаму е најдлабоко загрижена поради масивното трупање руски војници на границата со Украина, радо би видела трупите да се вратат на нивните вообичаени позиции.

Западот стравува од руска намера да ја нападне Украина. Официјален Кремљ пак тоа најенергично го демантира, од своја страна критикувајќи ги Киев и НАТО за провокации.

Бајден и Путин во јули се сретнаа во Женева, а на 7. декември одржаа видео самит. За 10. јануари е планирана средба на американски и руски претставници за украинскиот конфликт, што треба да се одржи во Женева. За два дена подоцна се најавени разговори меѓу Русија и НАТО на тема Украина, а на 13. јануари советувања меѓу Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ. 

Русија приложи два предлог-договори со САД и НАТО, барајќи стопирање на проширувањето кон Исток, како и забрана за создавање американски воени бази во државите од поранешната советска сфера на влијание. Ваквите барања се одбиени од поголем број членки на НАТО. 

Во претходниот телефонски разговор меѓу Бајден и Путин, американскиот претседател на својот руски колега, во случај на руска агресија врз Украина, му се закани со санкции „какви што досега не се видени". Се очекува денеска тој да ги повтори овие закани.