1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалскиот карван на пат кон САД и покрај заканите на Трамп

СН/ агенции
22 октомври 2018

Секој ден се сѐ повеќе. Со денови, илјадници мигранти, главно од Хондурас, се собираа на мексиканската граница, која сега е отворена.Мексикански полицајци во борбената опрема ги придружуваат на патот низ Мексико кон САД.

https://p.dw.com/p/36vzL
Mexiko Mittelamerikanische Migranten auf dem Weg in die USA
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Sanchez

Повеќе од една недела откако тргна од Хондурас, мигрантскиот карван продолжи да се движи низ Мексико кон САД и покрај предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп и на мексиканската влада.

Илјадници мажи, жени и деца поминаа 40 километри низ мексиканска територија од Сиудад Хидалго, на границата со Гватемала, до градот Тапачула, и во државата Чијапас.

Поголемиот дел од мигрантите влегоа во земјата илегално со преминување на реката Сукиате од Гватемала, игнорирајќи ги повиците на мексиканските власти да побараат азил во Мексико.

Mexiko Mittelamerikanische Migranten auf dem Weg in die USA
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Castillo

„Мексиканската држава ве поттикнува да го регулирате вашиот мигрантски статус во земјата“, им порача на бегалците шефот на регионалната канцеларија миграција, Франциско Ечеварија. „Инаку, ќе мора да се применат законите“, додаде тој.

Организаторите велат дека во карванот има 7.500 луѓе, но нема официјални бројки. Тие треба да поминат уште 3.800 километри за да стигнат до границата со САД.

Претседателот Трамп, кој се закани дека ќе ѝ нареди на војската да ја затвори границата со Мексико, вчера на Твитер порача: „Се прават целосни напори да се запрат нелегалните странци да ја преминат нашата јужна граница“.

Тој инсистира дека мигрантите прво мора да бараат азил во Мексико, додавајќи оти „ако не го сторат тоа, САД ќе ги одбие“.

Трамп, исто така, се закани дека ќе ја запре помошта за Хондурас, Гватемала и за Ел Салвадор, ако тие не успеат да ги спречат мигрантите да ги преминат нивните граници на патот кон САД.