Со доаѓањето на пролетта мигрантската рута низ Босна и Херцеговина стана поактивна. Стотици бегалци и мигранти секојдневно се обидуваат преку БиХ, Хрватска и Словенија да стигнат до Италија. Привремените сместувачки капацитети одамна се пополнети и околу 2.000 лица немаат обезбедено сместување, оброк, пристап до вода, тоалет, лекар. Многумина се загрижени за своето здравје.