1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија гласаше за Европскиот парламент

АТ/ дв25 мај 2014

Според првичните прогнози за изборите за Европскиот парламент во Германија најмногу гласови освоија конзервативците на канцеларката Ангела Меркел. Социјалдемократите значително го подобрија резултатот од пред пет години.

https://p.dw.com/p/1C6d9
Фотографија: picture-alliance/dpa

Партиите ЦДУ и ЦСУ и покрај загубите на гласови се најсилната политичка сила на изборите за Европскиот парламент во Германија. И покрај ваквиот резултат Фолкер Каудер, шеф на пратеничката група на ЦДУ е задоволен: „Можеме да живееме со овој резултат“, рече Каудер.

Социјалдемократите, по историски лошиот резулат во 2009 година, на овие избори за Европскиот парламент значително го подобрија резултатот. Шефот на пратеничката група на СПД во Бундестагот Томас Оперман оцени дека партијата постигнала „фантастичен резултат“.

Евроскептичната партија Алтернатива за Германија со добар резултат за првпат ќе биде застапена во Европскиот парламент

Прогнозата за освоени гласови на европските избори во Германија е следнава:

ЦДУ/ЦСУ: 36 %

СПД: 27,5 %

Зелени: 11 %

Левица: 8 %

Алтернатива за Германија: 6,5 %

ФДП: 3 %

Други: 8 %