Станбените кредити станаа егзистенцијален проблем
10 август 2015Гастрономот Маркос Репас е во голема неволја. Тој е сопственик на ресторан во историскиот центар во Солун и загуби две третини од прометот. Грци речиси и да не доаѓаат во неговата таверна. По години криза тие немаат пари за ручек или вечера во ресторан.
„Само уште 10 проценти од гостите се Грци. Остатокот се Италијанци, Германци, Турци.“, вели гостилничарот Репас.
Драматична последица: Семејството Репас не може да ги отплаќа месечните рати за приватниот стан во Солун. Станот од 120 квадрати чинел 300.000 евра. Ни помалку ни повеќе. Но тогаш економијата во Грција цветаше. А банките остваруваа одлична заработувачка...
„Тогаш, кога најмногу заработувавме, банките буквално не молеа да земеме кредити.“, вели Репас.
Погледајте го видео-прилогот на оваа тема:
За купување на станот банката не барала ниту цент сопствен капитал односно готовина. А сега се редат сметки. Семејството Репас заостанува и со плаќање на киријата за ресторанот. Струјата и водата исто така ги плаќаат со задоцнување.
„Дури кога ќе дојде втората сметка, ја плаќаме првата. Само така некако излегуваме на крај.“
Тие не се единствени. Само неколку блокови од прекрсниот солунски булевар се наоѓаат ресторани од кои секој втор е празен. Од 2008. година над 200.000 грчки претприемачи пропаднаа. Гнилите кредити односно кредитите без покритие прераснаа во масовен феномен, кој во меѓувреме претставува закана за целиот банкарски систем истакнува професорот Теодор Панајотидис, економски научник.
„Државата и банките до неодамна беа основни столбови на грчката економија. Ако и државата и банките истовремено имаат проблем- што е сега случај- тогаш ситуацијата станува неподнослива.“
А семејството Репас? За да се ослободи од кредитот, веднаш би го продало станот. Проблем е само што пазарот за недвижности доживеа колапс, бидејќи Грците немаат пари да купуваат недвижности, а оние кои имаат ги чуваат парите во странство. Згора на тоа: станот денес чини само 150.000 евра.
„Не, тоа не е доволно. Тоа значи дека по продажбата би морале да додадеме уште пари за се ослободиме од крадитот“
На гастрономот Маркос му останува само да се надева на процут на грчката економија. Надеж дека и Грците покрај туристите ќе имаат пари да бидат гости во неговата таверна.