Гугл и Мајкрософт ќе го тужат Вашингтон
31 август 2013По повеќе обиди пропадна обидот за вонсудско решение со американската влада, истакна правниот консултант на Мајкрософт, Бред Смит во својот веб блог. Двата интернет-џинови сакаат своите муштерии да смеат подетално да ги информираат за бараните податоци од страна на американската влада. Вашингтон без збор објаснување премина преку шесте рокови поставени од концерните за добивање одговор, истакнува Смит. Ставот на Мајкрософт и Гугл: „веруваме дека според американскиот устав, имаме право да поделиме со јавноста повеќе информаци“, како што пишува Смит. Како пример адвокатот го наведува бројот пристигнати барања за пристап кон и-меилови од страна на НСА. Дури со разоткривањето на екс-агентот Едвард Сноуден минатите месеци, на виделина излегоа гигантските размери на надгледувањето од страна на американскататајна служба.
Официјален Вашингтон, по масивната критика од странство и во земјата, вети поголема транспарентност во иднина.
Во меѓувреме весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи на Едвард Сноуден, открива дека американските тајни служби планирале до крајот на оваа година да остварат пристап до 85 илјади стратешки важни компјутери ширум светот, за да стигнат до податоци или целосни мрежи. Оваа акција се водела под шифрата „Гениус“. Специјален софтвер, на пример, овозможувал сечење и пренос на податоци. Во 2008 година на ваков начин беа нападнати 21.252 компјутери, известува весникот. Понатаму, само во 2011 година американските тајни служби извршиле 231 сајбер напади, од кои три четвртини врз цели со највисок приоритет, како врз Иран, Русија, Кина и Северна Кореја. За најпознат пример за државен сајбер напад се смета компјутерскиот вирус Стакснет, кој пред неколку години ја саботираше иранската атомска програма. ИТ експертите се сигурни дека Стакснет е лансиран од западните тајни служби, иако тоа никогаш не е официјално потврдено.