Дали градот прави доволно за чист воздух?
5 декември 2019Зимата за жителите на Ниш по правило значи дека неколку месеци ќе дишат загаден воздух. Состојбата претходните години беше алармантна, а и последните денови од мерењето на загаденост на воздухот може да се прочита оти ситуацијата не е задоволувачка. Екологот Оливера Милошевиќ е претставничка на еколошкото здружение Зелен клуч во Ниш.
„За загадувањето на воздухот во Ниш, со оглед дека секој град во однос на својата географска положба има свои специфики, така и градот Ниш има свои, па не може да се каже оти тоа е единствениот извор на загаденост или една или повеќе загадувачки материи“, вели Оливера Милошевиќ.
Здружението Зелен Клуч е основано во 2006 година и во негов фокус е да ги сензибилизира граѓаните за екологија.
„Пред се' мора да се работи на зголемување на еколошката свест, во голема мерка постои простор за функционирање и работа“; смета Милошевиќ.
И нишките градски власти ја сфатија сериозноста на проблемот. Но дали прават доволно?
Ивана Крстиќ од градскиот секретаријат за заштита на животната средина истакнува: „Градот Ниш врз основа на законот за заштита на воздухот интензивно веќе 10 години наназад следи мониторинг на воздухот на својата територија.Постојат само периоди или епизоди кога имаме пречекорување на одредени параметри, пред се' тоа се честичките ПМ-10 и честичките ПМ-2,5, а овие пречекорувања пред се' се во зимските месеци кога имаме и засилена концентрација на овие честици кои доаѓаат од ложиштата“.
Градот Ниш пред 3 месеци, како што вели Крстиќ, формираше работна група која ќе се занимава со план и мерки кога е во прашање воздухот. Пред се' задача на работната група е да направи еден важен стратешки документ кој е и законска обврска, тоа е план за квалитетот на воздухот. Овој план и документот ќе дефинираат и краткорочни и долгорчни мерки со цел да се намали загаденоста на воздухот во нашиот град.