1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дивоградбите закана за автентичниот изглед на Охрид

11 октомври 2009

Се’ почести се апелите да запре неконтролираната дивоградба во стариот дел на Охрид. Некои говорат дека наводно во УНЕСКО веќе е вклучено црвено светло за Охрид. Градоначалникот најави акција за уривање на дивоградбите.

https://p.dw.com/p/K3uc
Фотографија: Petr Stojanovski

Бришењето на Дрезден од листата на УНЕСКО, чин што се случи во јуни годинава во Охрид и Македонија само ги подгреа и дотогаш присутните конфронатици на тема: Дали Охрид да остане конзервиран каков што бил некогаш или тој да дише со современото. За нецели две децении многу нов бетон во Охрид. Реално свежиот ветер – стрмец што дува приквечер, сега од новоградбите се чувствува само на кејот. Така се смени микроклимата.

Државата со закон во еден период наместо да ги зголеми им ги одзеде ингеренциите на Заводите и Музеите во однос на давање согласност при градба. Тоа посебно за стариот дел од Охрид значеше катастрофа. Од 2005 ситуацијата е повторно под контрола. Тања Паскали Бунташеска, директорка на Завод и Музеј во Охрид за Дојче Веле изјави:

Panoramabild von Ohrid
Многу дивоградби меѓу старите градбиФотографија: Petr Stojanovski

„Членовите што ни беа укинати во стариот Закон, сега ни се вратија и веќе изградбата на објектите во Охрид е контролирана.Ние правиме стручна контрола на проектите додека Управата за заштита на културното наследство издава конзерваторски одобренија врз основа на кои се издва одбрение за градба.Значи без овие документи локалната власт не може да издаде одбрение за градба.“

Дали Охрид ќе го следи негативниот пример на Дрезден?

Локалната власт на тендер веќе избрала фирма која што би требало да руши.Градоначалникот на Охрид Александар Петрески вели дека повеќе од една година се чека Законот за легализација на дивоградби. До крајот на октомври Петрески најавува уривање на дивоградбите во стариот дел на Охрид. На удар ќе биле дивите потпокриви во стариот дел, вели тој: „Во согласност со Заводот и Музеј – Охрид заеднички правиме список и заеднички гледаме она што навистина не може да се легализира. Не одам на број колку објекти ќе бидат опфатени: 15, 20 или 30. Значи се она што не може реално да се легалзира, ќе се урне.“

Неофицијално на списокот се нашле околу 150 дивоградби лоцирани во стариот град. Директорката Паскали - Бунташеска апелира ако веќе се урива да нема селективност.: „Ја поздравувам идејата на општината. Но не сум за принципот да се урнат десет најголеми диви градби. Јас сум да се урива се’ што е диво од почеток до крај, без да има селекција.“

Кога лавината тргна од Дрезден експертите на УНЕСКО рекоа дека ова е само почеток. Одредени медиуми во Македонија цитираа неименувани претсавнци на УНЕСКО кои повикувале на внимателност за Охрид кој на светската листа е заштитен како природен и културен пејзаж. Како можни причини за негово бришење се наведуваат сменетите стари плочки од чаршијата, потпокривите во стариот дел од градот, губењето на автентичната архитектонската убавина и нарушувањето на крајбрежниот појас. На тапет според нив е и реставрацијата на Самоиловата тврдина.

Клучот е во посебниот закон за градот Охрид

Panoramabild von Ohrid
Фотографија: Petr Stojanovski

Се е шпекулација вели градоначалникот Петрески. Од УНЕСКО нема негативни реакции: „Тие муабети кои беа дека поради промена на каменот во старата чаршија или поради одредени потпокриви УНЕСКО ќе ни го одземе статусот, не се точни. Јас одговорно тврдам дека тоа не е спомнато на ниту едно место во УНЕСКО. Ние и натаму со Заводот и Музеј знаеме да водиме грижа за тоа што е потребно за Охрид и каде на кое место треба да се гради?! Знаеме што треба да заштитиме Треба да се заштитат Охридското Езеро и стариот дел на градот и старото градско јадро. “

Граѓаните поделени во мислењата дека ќе успее акцијата за рушење и дали УНЕСКО ќе притиска сосотојбата да се подобри: „Ништо. Нема да се случи уривањето.“ „Мислам дека старата архитектура треба да се зачува.“ „Не верувам дека тоа ќе се одрази врз финансиската база.“

„Старото да си остане старо. Новиот град во стариот Охрид. Пак ново ама да биде старо. Ако можеа Дрезден да го избришат, што остана за нас. А ние како што сме тргнале сами си го даваме отказот од УНЕСКО.“

Таткото на градот Петрески редот во хаосот во градењето го гледа во донесувањето на посебниот закон за Охрид: „Со него ќе биде дефинирана и архитектурата, бојата на покривот, фасадата и бојта на прозорците и изгледот на архитектурта. Тоа го очекуваме од законот за Охрид. Сега истиот закон важи и за Охрид, Берово и Делчево и тука не можеме да дефинираме.“

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски