1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дијаспората на протести против промена на името

4 март 2018

Македонските иселеници во повеќе градови во САД, Австралија и Европа викендов протестираа против преговорите за промена на името со Грција. Иселениците бараат прекин на преговорите

https://p.dw.com/p/2tfFi
Mazedonien Griechenland Namensstreit Proteste in Skopje
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Десетици илјади македонски иселеници протестираа во Австралија против промена на уставното име. Се протестираше во Мелбурн, Сиднеј и Перт. Во САД, иселениците протестираа во Вашингтон каде се бараше прекин на преговорите со Грција. 
 
Демонстрантите во Австралија им порачаа на премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека ќе бидат прогласени за „персона нон грата“ во Австралија доколку се промени името.

Повеќе на темата: 

„Патриотските“ организации отуѓија голем дел од иселениците

Последниот бедем за името е дијаспората

Дел од учесниците на протестот ја запалија и сликата на Заев. 
 
Протести за денеска се најавени и во Скопје, на плоштадот Македонија. Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од локации ширум светот. 
Протестите се одржуваат под мотото „Нашето име е наше право“, а ги организира движењето „Ние сме Македонија”. 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид