1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Државната помош за европските авто-коцерни - апсурдна идеја!

Хенрик Беме30 октомври 2008

На самитот на европската автомобилска индустрија надлежниот евро-комесар Гинтер Ферхојген вети финансиска помош за браншата во висина од 40 милијарди евра за поттикнување на развојот на еколошки мотори во браншата.

https://p.dw.com/p/FkJ1
Автомобил на иднината од фирмата Хеулиез, претставен на авто салонот во Париз на почетокот од овој месецФотографија: picture-alliance/ dpa

Септември по традиција е добар месец за трговците со автомобили. Но, во меѓувреме ништо повеќе не е нормално, така што изминатиов септември беше најлошиот во последните 10 години. Автомобилската индустрија забележа намалување на продажбата од цели 8%. Таквите статистички податоци очигледно беа еден вид аларм за евро-комесарот за индустриски прашања Гинтер Ферхојген. Тој свика средба со шефовите на големите европски авто-концерни, како и со претставници на владите за да се договорат мерките за помош. Всушнот средбата беше веќе со месеци од напред планирана, а сега поради меѓународната криза само беше медиумски нашминкана се’ до епитетот „европски самит за авто-индустријата“.

Европската комисија „ѓавол“ и „ангел“ истовремено

Günther Verheugen
„Ангел“ на автомобилската бранша: евро-комесарот за индустриски прашања Гинтер ФерхојгенФотографија: picture-alliance/ dpa

Оваа средба и резултатите од неа го покажуваат двојниот морал на авто-концерните. Ако бизнисот им оди добро, тогаш секој нов пропис што доаѓа од Брисел е „ѓаволска работа“. Но, кога зделките ќе тргнат по надолна линија, тогаш индустријата ги пружа рацете, барајќи помош од државата. Европската комисија сега вети цели 40 милијарди евра!

Шефовите на авто-концерните се правдаат дека и американската администрација им помага на конкурентските претпријатија од другата страна на Океанот, особено во развојот на нови модели со подобрени еколошки перформанси. Така шефот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо ги прифати аргументите на авто-концерните од „стариот континент“ и вети сеопфатна помош за развојот на поеколошки автомобили.

На Европејците уште добри им оди

Bildgalerie Autosalon AMI 2008 in Leipzig Publikumsliebling - XC60 -der erste SUV von Volvo
Волво XC 60 - љубимец на публиката на годинешниот Авто-салонот во ЛајпицФотографија: Gleb Gavrik

Но, државната помош за европската авто-индустрија е чиста бесмислица. Зашто, во споредба со американските производители на автомобили Европејците се уште во добра положба. Проблемите со кои се соочуваат Дајмлер, Волво или Фиат се од внатрешен карактер. Тие со години некако патем и со половина срце ги развиваат штедливите модели. Освен тоа актуелната криза во браншата нема никаква врска со меѓународната финансиска криза. Како за пример: германските авто-производители веќе со години бележат стагнација на домашниот пазар. Сегашната криза е сосема нормален дел од процесот на зголемување и намалување на побарувачката. Во секој случај, оној кој сега најбрзо ќе успее да исфрли поштедлив и поеколошки модел - тој ќе ја извлече најголемата полза од кризата!

Даночни олеснувања за еколошки автомобили

Frankreich EU Straßburg Finanzkrise Nicolas Sarkozy
Некои идеи му се добри, а некои подобро веднаш да се заборават: францускиот претседател Николас СаркозиФотографија: AP

И има уште едно решение за проблемите на автомобилската бранша, што Французите сега гордо го истакнуваат. Тие имено од неодамна даваат даночни олеснувања за купување еколошки автомобили со помала потрошувачка. Дека оваа државна мерка не е за запоставување покажува и фактот што француските авто-производители во веќе спомнатиот „црн септември“ остварија пораст на продажбата на автомобили од цели 8%. При тоа веднаш мора да кажеме дека не се сите идеи од западниот сосед на Германија толку за пофалба. Онаа на претседателот Николас Саркози за делумно подржавување на оние авто концерни кои имаат потешкотии би требало што е можно побрзо да се заборави. Зашто, овде сигурно никој не мечтае за создавање „Социјалистички држави на Европа“!