Епл и Гугл ја завршија „војната“
17 мај 2014Реклама
Епл и Гугл побараа од Апелациониот суд во Вашингтон да ги прекине судските постапки во нивниот спор. Двата американски концерни за тоа издадоа заедничко соопштение. Освен тоа, договорена е соработка во некои области на реформата на патентните права, иако не е планирано меѓусебно користење на патентите.
Спорот траеше од 2010 година. Епл тогаш прво беше тужен од американскиот производител Моторола, кого Гугл две години подоцна го купи за околу 9 милијарди евра. Со тоа интернет-концернот се најде среде правниот спор за патентни права. Гугл во јануари оваа година повторно се раздели од Моторола, поради тоа што таа не се врати на своите претходни добри позиции. Нејзин нов сопственик сега е кинескиот компјутерски производител Леново.