1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган одново го нападна Твитер

ЖА/дпа/афп13 април 2014

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган го продолжува „казнениот поход“ против социјалните медиуми. Тој го обвини Твитер за затајување данок.

https://p.dw.com/p/1BhBM
Фотографија: Reuters

Во настап на државната телевизија турскиот премеир Реџеп Тајип Ердоган најави дека и натаму ќе презема мерки против Твитер. Тој го обвини Твитер, компанија чие седиште е во американската сојузна држава Калифорнија, дека избегнува плаќање даноци во Турција, со што се обиде да возврати на обвинувањата за корупција, кои на таа мрежа се објавени на сметка на негови блиски соработници.

„Твитер, ЈуТјуб и Фејсбук се меѓународни компании кои се направени со цел да направат профит“, наведе Ердоган во говор објавен на Турската државна телевизија.

Тој нагласи дека Твитер е „виновен“ бидејќи не плаќа даноци во Турција. По наредба на владата од 20 март во Турција беше забранет пристап до Твитер откако противници на Ердоган на таа социјална мрежа објавија снимки од телефонски разговори со кои се поврзува премиерот на Турција со корупциски скандал.

Уставниот суд на 3 април ја повлече забраната за блокада на Твитер, додека Ердоган смета оти со таква одлука се заштитуваат „меѓународни компании“, а не државата Турција. Ердоган нареди блокада на Твитер пред локалните избори на 30 март.

Ердоган ја укина блокадата на Твитер по судската одлука, но и покрај две одлики, пристапот до ЈуТјуб и натаму е оневозможен. Причина за блокада на ЈуТјуб беа објавените снимки од доверливи разговори на високи турски функционери околу ситуацијата во соседната Сирија, која е зафатена од граѓанска војна.