1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Женева: Хумани решенија за бегалците

Оле Алзакер/сн30 март 2016

Обединетите Нации на конференцијата за сириските бегалци во Женева (30.03.2016) фокусот го ставаат на лицата раселени поради војната и опциите за нивна помош и преселување.

https://p.dw.com/p/1IM8E
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Coffrini

Според проценките, во самата Сирија им е потребна помош на 13,5 милиони луѓе. Околу 4,8 милиони Сиријци пак се бегалци во соседните земји. ОН проценуваат дека една десетина од нив ,или околу 450 илјади луѓе, се високо ранливи и треба да бидат преселени во наредните две години. И токму лицата раселени поради војната во Сирија се во фокусот на конференцијата организирана од агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР која се одржува во Женева. Во меѓувреме, сириски бегалци продолжуваат да доаѓаат во Грција.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Потрага по опции за сириските бегалци

Исцрпена, една жена паѓа кога пристигнува на Лезбос. Таа е една од 500 сириски бегалци кои дојдоа на грчкиот остров за само еден ден. Сите тие избегале од земјата поради долгата граѓанска војна. Но, многу од нив не знаат во која земја ќе завршат. И тоа е проблемот кој има за цел да го реши конференцијата во Женева.

„Во фокусот, како што мислам дека знаете, е потребата од проширени, повеќегодишни програми не само за преселување, туку и за други форми на хуманитарно прифаќање, вклучувајќи и земји кои навистина не биле традиционален дел од преселувањето“, вели портпаролот на УНХЦР, Адриан Едвардс.

УНХЦР се надева дека на сириските бегалци ќе им пружи различни опции за преселување. Опциите за кои се дискутира во Женева ќе вклучуваат семејни соединувања, вклучување на пазарот на труд и академски стипендии, кои ќе им овозможат на студентите од Сирија да ги завршат своите студии, кои биле прекинати поради војната.

Околу шест милиони Сиријци ја напуштија земјата. И покрај фактот дека мигрантската криза доминира на насловните страни во Европа, повеќето Сиријци се всушност во соседните земји, како во Либан.

И токму на тие луѓе УНХЦР сака да најмногу да им помогне - упатувајќи апел до повеќе од 90 земји претставени на конференцијата во Женева за да придонесат во тоа.