1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртва при екслозија на бомба од Втората светска војна

АТ/ дпа/ ап3 јануари 2014

Во Ојскирхен денеска работник со багер наиде на бомба од Втората светска војна која експодираше. Најмалку едно лице загина, а повеќемина се повредени.

https://p.dw.com/p/1Akzn
Фотографија: picture-alliance/dpa

При работи со багер во Ојскирхен, во близина на Бон, експлодираше бомба. Според полицијата управувачот со багерот веднаш починал. Во несреќата потешко биле повредени две лица, додека шестмина биле полесно повредени. Багерот најверојатно налетал на неексплодирана бомба од Втората светска војна.

Инцидентот се случи на градилиште во индустриската област на Ојскирхен. Како што соопштија полицијата и жителите, во околината од неколку стотина метри се скршиле и прозорците.

Сѐ уште има неекслодирана муниција

Во Втората светска војна над Германија беа исфрлени милиони бомби. Проценката е дека екслодирала секоја десета. Затоа и речиси 70 години по Втората светска војна сѐ уште има десетици илјади парчиња неекслодирана муниција во земјата. Цели на воздушните напади на сојузничките цели биле пред сѐ индустриските центри како Берлин, Хамбург, Келн или Рурската област.

Повеќето неексплодирани бомби беа пронајдени со анализа на британските и американските воздушни снимки од војната. Многу бомби беа пронајдени од градежните работници. Секоја година надлежните служби деактивираат до 5.500 бомби и повеќе од 900 тони друга муниција. Од формирањето на Сојузна Република Германија во 1949 година загинаа повеќе десетици работници при декативирање на муницијата. Со случајно активирање загинаа и повеќемина други работници.