Здравје
Зависноста од смартфонот го менува мозокот
5 декември 2017Реклама
Една половина од сите тинејџери во САД е уверена дека е зависна од смартфон. Милениумската генерација дневно минува околу 5 часа во интеракција со „паметните“ телефони. Досега зависноста од мобилниот телефон и интернет не беше призната како болест, но истражувачите во мозоците на погодените лица открија промени. Односот на важни невротрансмитери кај нив веќе не бил во рамнотежа.
Такви разлики пронајдени се и во мозоците на лица со пореметувања на страв, како анксиозност и депресија. Младите зависници страдале и од нарушувања на сонот.
Добра вест: по соодветна терапија мозоците повторно се нормализирале.
А, колку долго Вие можете да издржите без Вашиот телефон?