Иранците не очекуваат ништо од изборите
21 февруари 2020Реклама
За 290 места во иранскиот парламент се тркаат повеќе од 7000 кандидати. Изборите се засенети од одлуката на Советот на чуварите на револуцијата да дисквалификува речиси 75 проценти од кандидатите од таборот на Рохани. Со тоа, конзервативната опозиција има добри шанси да се врати на власт по седум години. право на глас во Иран имаат 58 од вкупно 83 милиони граѓани, но многу набљудувачи проценуваат дека одзивот на изборите ќе биде низок. Според едно истражување, дури 75% од луѓето со право на глас нема да излезат на избори.
„Попрво би си ги исекол рацете и нозете, отколку да отидам на гласање“, вели еден човек во видеото подолу: