1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламистички терористи планирале напад во Диселдорф

ЕМФ/дпа/ард2 јуни 2016

Германските безбедносни власти уапсија тројца осомничени приврзаници на терористичката милиција „Исламска држава“. Тие планирале напад во Диселдорф.

https://p.dw.com/p/1IytP
Цел на нападот бил наводно ДиселдорфФотографија: picture-alliance/dpa/M. Gerten

Тројцата уапсени биле дел од терористичка ќелија која имала за цел да изврши напади со појаси и елеци со експлозив во Диселдорф. Според наводи на експертот Холгер Шмит, двајца атентатори сакале да се кренат во воздух на прометната алеја „Хајнрих Хајне“, во центарот на Диселдорф. Други атентатори потоа требало да отворат оган од автоматско оружје. Според обвинителството, нема знаци дека „обвинетите веќе почнале со конкретно спроведување на својот план за напад“.

Според истражувањата на телевизиите НДР, ВДР и весникот „Зиддојче цајтунг“, информации за планот дал осомничениот терорист Салех А. , кој во февруари им се предаде на француските власти. Оттгогаш тој е во истражен затвор во Франција, а за цело време истрага вршат и германски иследници. На тој начин се добиени информации и за другите членови на терористичката ќелија. Хамза Ц. бил наводно избран за нападот уште во април 2014-та во Сирија. Потоа тој го уверил Махуд Д. да се приклучи. Кон ќелијата се приклучило и лицето Абд Арахман А. К.

Уапсените се на возраст од 25, 27 и 31 година. Тие денеска ќе бидат изведени пред истражен судија.