1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каков беше Ѕидот?

2 октомври 2015

Дојче веле во соработка со фондацијата Берлински ѕид го реализираше проектот „Заѕидани!“: анимација на некогашната граница

https://p.dw.com/p/JvcB

Компјутерската анимација за граничните блокади во Берлин и внатрешно-германската граница во местото Хетенслебен во покраината Саксонија Анхалт ги покажува граничните блокади и одговара на прашањето: Каков беше всушност Ѕидот?

Имено, смртоносните појаси и Ѕидот денес можат да се видат само во некои делови. Ваквите фрагмети не можат веродостојно да и‘ ги пренесат на младата генерација заканата и ужасите од некогашната граница. Комјутерската анимација на Дојче веле покажува како изгледаше границата. Историчарите и телевизиските експерти за првпат заеднички го реконструираа детално смртоносниот појас од почетокот на 1980-тите години.