Конфликти
Како Германија се бори со десничарскиот екстремизам?
20 јуни 2017Реклама
Десет насто од Германците посакуваат нов фирер налик на Адолф Хитлер. Во минатата година беа регистрирани 585 физички напади врз бегалци во земјата со 434 повредени лица. Образовниот систем и правната држава и цивилното општество се трудат сето ова да остане само исклучок, а не правило. Против десничарскиот екстремизам борба се води со едукација во училиштата. Германската влада финансира програми за оние кои ќе ѝ завртат грб на есктремистичката идеологија. На собирите на неонацистите реагира граѓанското општество - и на улица покажува кој е во мнозинство. Сепак и натаму демне прашањето: дали Германците успешно се имаат соочено со мрачниот период од своето минато?
Одговори на ова прашање побара екипата на ДЕ_факто. Повеќе во следново видео: