Касите на Епл ѕвонат како никогаш досега
28 јануари 2021Што се однесува на прометот, Епл за првпат ја надмина границата од 100 милијарди долари - и тоа значително. Претходно, само ова во САД им успеало само концернот на супермаркети Волмарт и на нафтената компанија Ексон Мобил.
Со точно 111,44 милијарди долари, прометот на Епл е за 21 процент поголем отколку во божиќниот квартал претходната година, објави технолошкиот концерн. Добивката, пак, се зголемила за 29 проценти на 28,7 милијарди долари - исто така рекорд за американската компанија.
Профит поради коронавирусот
Во светски рамки, повеќе луѓе посегнуваа по уредите со симболот на згризнато јаболко, кои очигледно сакаа да ја надградат својата технологија со оглед на карантинот поради пандемијата и трендот на работа од дома.
Повеќе:
-Ќе оди ли Гугл по патот на Мајкрософт?
-„Сајбер бароните“ од Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл на сослушување
Новиот Ајфон 12 со 5Г технологија и поголемиот избор на модели привлекоа клиенти, иато како како и компјутерите Мак и Ајпадовите. И бизнисот со интернет услуги придонесе за раст на прометот и профитот на Епл.
Во ноември, компанијата од Силиконска долина го лансираше и својот прв лаптоп со чипови што самата и има развиено - и со тоа ја запечати разделбата од долгогодишниот партнер-Интел. Слично како и автомобилската индустрија или пак Мајкрософт, и Епл, меѓутоа, поради пандемијата, неодамна со соочи со тесни грла при испораките наа полупроводници, но и во други области.