Кина сака „зад Месечината“
21 мај 2018Кина денеска лансираше релеен сателит кој ќе овозможи комуникација меѓу Земјата и мал робот кој во текот на годинава треба да стигне на малку истражената темна страна на Месечината, соопшти кинеската вселенска агенција. Ракетата со сателитот полета рано наутро по локално време од космодромот во Сичанг, на југоистокот на Кина, наведе агенцијата.
Откако малиот робот за околу шест месеци ќе стигне на Месечината, денеска лансираниот сателит треба да биде поставен во орбитата на Месечината, така што ќе овозможи комуникација со научниците на земјата, додека роботот ќе фотографира досега малку истражени делови на темната страна на Земјиниот сателит.
Кина вложи милијарди евра во својата вселенска програма и тоа во координација со армијата. Централен дел на програмата е истражувањето на Месечината, кое вклучува и прво стапнување на Кинез на Месечината. Според плановите тоа би требало да се случи најдоцна до 2030 година.