1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кои се можните наследници на Ангела Меркел

БГ
30 октомври 2018

Ангела Меркел се повлекува од лидерската позиција во ЦДУ, но ќе остане канцелар - веројатно до следните сојузни избори во 2021 година. ДВ истражуваше кои се нејзините можни наследници на партиското кормило.

https://p.dw.com/p/37Mq0
Merkel bei Nordost-CDU-Parteitag
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Wüstneck

Изненадувачката најава на канцеларката Ангела Меркел дека ја напушта лидерската позиција во својата матична партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), ја отвори трката за нејзин наследник. Меркел сака да остане канцелар до крајот на мандатот во 2021 година, но од нејзиниот наследник на партиската функција би можело да зависи дали таа желба ќе стане реалност. Во внатрепартиската битка засега се искристализираа имињата на неколку можни претенденти на функцијата, кои доаѓаат од различни крила во ЦДУ. 

Со оглед на актуелните партиски рејтинзи, може да се претпостави дека новиот лидер на ЦДУ со голема веројатност ќе биде и идниот германски канцелар. 

Ова се потенцијалните кандидати: