1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Конфликт Израел – Газа: САД во посредничка мисија

ЖА | АРД
15 мај 2021

По неуспешниот обид на Египет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Хамас, САД стартуваат мисија за деескалација на ситуацијата. Американски дипломат треба да се сретне во претставници на двете страни.

https://p.dw.com/p/3tQsr
Gaza Luftangriff Israel
Фотографија: Ashraf Amra/Zuma/picture alliance

САД прават интензивни напори за деескалација на конфликтот во Газа. Американскиот дипломат Хади Амр вчера пристигна во Тел Авив во посреднички обид, додека во меѓувреме националниот советник за безбедност Џејк Саливан извршил консултации со египетската страна околу ескалацијата меѓу Израел и палестинската организација Хамас, објави ТВ ЕјБиСи. Американскиот претседател Џо Бајден неделава имал телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пратеници од Демократската партија со писмо упатено до Белата куќа побарале американски ангажман, преземање активност и водство заради ставање крај на страдањата на Израелците и Палестинците. Индиректно, тие ја критикуваат досегашната воздржаност на Бајден во однос на ескалацијата на Блискиот Исток.

Повеќе:

Нетанјаху: Ќе ја постигнеме целта

„Животното осигурување“ на Израел

Израелско-палестинскиот конфликт им одговара (речиси) на сите

Израел и Хамас во ракетна војна: Нападнат и Тел Авив

Републикански сенатори пак побарале од американската влада, со оглед на насилството на Блискиот Исток, да ги прекине тековните разговори околу Атомскиот договор со Иран. Зашто, доколку САД ги укинат санкциите против Техеран, тоа на Иран ќе му помогне во поддршка на организацијата Хамас, аргументираат републиканските сенатори. Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен го одбил барањето на Републиканците.

Ескалацијата меѓу Израел и палестински Хамас, која трае веќе неколку дена, продолжува со несмалена жестина. Хамас испалува ракети врз израелска територија, Израел возвраќа со воздушни напади врз цели во Појасот Газа. Израелската армија вчера ангажирала и тенкови за уништување подземен тунелски систем на Хамас. Конфликтот во меѓувреме се прелева и во Западниот Брег. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна: „Уште не е завршено“. 

Од понеделникот досега во Појасот Газа, Западниот Брег и Израел загинале најмалку 135 лица, речиси 1000 се ранети, најголем број од жртвите се Палестинци.