1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Како да ги сопрете тинејџерите?

БГ /АП
21 март 2020

Родителите и полицијата се мачат да ги сопрат младите луѓе да останат во своите домови поради пандемијата на коронавирусот. Психолозите велат „тие се чувствуваат непобедливо“.

https://p.dw.com/p/3ZoZu
Deutschland Corona-Krise | Jugendliche draußen
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Тинејџер: „Не можам да седам дома цел ден. Сакам да си ги видам другарите!“
Родител: „Се шегуваш? Ова е многу сериозно!„

Мозокот на адолесцентите дефинитивно игра улога во оваа ситуација во која властите низ светот се обидуваат да ги спречат собирите на младите луѓе, додека родителите се нервираат по дома поради проблемот пред кој ги исправи ширењето на коронавирусот.
„Како да бркате кокошки“, вели Анастасиа Гавалас, мајка на пет деца од Њујорк на возраст меѓу 13 и 21 година. Со неа разговаравме два дена откако беа затворени училиштата во регионот.
„Добро им е, и времето е убаво па мислат дека можат да излезат и да прават што сакаат. Сакаат да играат со топка во паркот. Ако има некоја отворена продавница сакаат да влезат. Без оглед колку ги молам, тие излегуваат и прават нешто“, вели Гавалас.
Импулсивност, лоша проценка, егоцентричност. 
Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска се приклучи кон апелите до младите луѓе да се соочат со реалноста дека новиот коронавирус и нив ги напаѓа во голем обем, а не само постарите. 
„Не сте непобедливи. Вирусот може да ве смести во болница на неколку недели или дури и да ве убие“, порача Аданом. 

Бебиња или тинејџери?
Рејчел Бузман, психолог за деца и млади од детскиот Институт во Њујорк, вели дека мозокот на адолесцентите кој е се уште во развој може да покажува такви карактеристики, само што во овој случај тинејџерите со мисли за непобедливост можат да си наштетат себеси и на другите.
Кај повеќето луѓе, коронавирусот предизвикува само лесни или умерени симптоми, како треска и кашлица. Кај некои, особено кај постарите и лицата со здравствени проблеми, може да предизвика далеку посериозна болест, вклучително и пневмонија. Најголем дел од луѓето се опоравуваат.
Но некои тинејџери не ја прифаќаат реалноста дека и тие се потенцијални преносители.

„Тие се во најголем дел насочени кон награда и кон брзо чувство на задоволство“, вели Бузман.
А што да прават родителите? Особено оние на многу мобилни постари тинејџери навикнати на поголема слобода одошто дозволуваат рестрикциите со коронавирусот, вклучително и студенти чии факултети воведоа онлајн настава или пак го продолжија пролетниот распуст.

Deutschland Corona-Krise | Jugendliche draußen
Полицајци разбиваат собир на млади во Минхен поради коронавирусотФотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

„Доколку го започнете разговорот со ’Не може да го правиш тоа’, веројатно ќе ве пресретнат со ’О, да, можам. Јас сум возрасен“, вели Бузман. „Првиот чекор е потврдата. Ставете му до знаење на вашиот тинејџер дека прифаќате, иако не разбирате докрај“.

„Корона-забави“
Во Европа властите веќе реагираат. Белгиските медиуми јавија дека околу 300 луѓе се собрале на забава во една провинција во саботата. Полицијата интервенирала и го растурила собирот.
Во Франција, тинејџерите кои не ја почитуваат забраната за собири ќе ги чинат своите родители казни од 40 до 150 евра. Во Германија, само што започна убавото пролетно време, затворија училиштата, пабовите, клубовите и концертните сали, и започнаа „корона-забави“ и покрај ограничувањата. Полицијата интервенираше во неколку паркови во Берлин каде се собираа поголеми групи млади луѓе.

Запрашан за проблемите со младите луѓе, претседателот на САД Доналд Трамп се придружи кон оценката дека се работи за „чувство на непобедливост“ и ги повика да ги почитуваат препораките. Неговата советничка, Дебора Биркс, предупреди на загрижувачките извештаи од Франција и Италија дека и младите луѓе сериозно заболуваат од Ковид-19.

Некои родители даваат се од себе.

Ен Шмит од Вермонт има 17- годишен син кој е многу спортски активен, и не сака да седи во домот.
„Се вози наоколу во својот автомобил, ги посетува пријателите. Многу е тешко“, вели таа. „Одземањето на физичката активност има драматичен ефект. Се обидувам да бидам што е можно посочуствителна, а во исто време, да му ја осигурам безбедноста“. На крај, Шмит го испратила својот син да купи Xbox, за да може барем да игра ФИФА онлајн.

Во Менхетн, мајката Алина Адамс се справува со три деца на возраст од 13,16 и 20 години.

„Целосно ги ослободив затоа што знам дека во оној момент кога ќе кажам да направат нешто, тие ќе бидат целосно против“, вели таа. „Мојата 13-годишна ќерка барем се занимава со Тик-Ток“.