1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

„Легендарниот“ Вардар

СН/ агенции
3 јуни 2019

Во Келн во текот на ракоментиот Ф4 викенд имаше прекрасно време. На денот на финалето беше навистина жешко - 31 Целзиусов степен. Но уште „пожешки“ беа вечерта и ноќта во кои се славеше новиот европски шампион - Вардар.

https://p.dw.com/p/3JeZb
Handball Champions League | Vardar Skopje - Telekom Veszprem | SIEG Vardar Skopje
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker

„Ова е приказна, која да ја бевте напишале, луѓето немаше да ви веруваат“. Оваа реченица на Твитер-профилот на Европската ракометна федерација - ЕХФ, најдобро ги опишува патот и начинот на кој македонскиот ракометен шампион повторно се искачи на тронот на Европа. ЕХФ притоа му се заблагодари на Вардар и за, како што рече, легендарниот настап во Келн.

Ракометарите од Скопје направија чудо во полуфиналето против фаворизираната Барселона и одиграа шампионски во финалето против унгарскиот Веспрем.

Победата од 27:24 предизвика ерупција на емоции на теренот и на трибините и значеше втора европска титула за Вардар во последните три години.

Потсетуваме на незаборавните моменти од Келн преку следнава фотогалерија: