Мадуро протера високи американски дипломати
23 мај 2018По новите американски санкции против Венецуела, претседателот Николас Мадуро го протера највисокиот американски дипломат во земјата. Тој вршителот на должноста на прв американски претставник во земјата Тод Робинсон го прогласи за несакана личност и побара од него да ја напушти Венецуела во рок од 48 часа. Мадуро исто така побара од земјата да си замине и шефот на политичкиот оддел на амбасадата на САД во Каракас, Брајан Наранџос. САД и Венецуела од 2010 година немаат свои амбасадори во другата земја.
Претседателот на Венецуела ги обвини дипломатите за мешање во внатрешните работи на земјата и за заговор. Со санкциите Вашингтон сака да ја прошири својата агресија против Венецуела. Тоа нема да функционира, порача Мадуро. Портпаролот на американскиот Стејт департмент жестоко ги отфрли ваквите обвинувања.
Повеќе:
-Мадуро оствари изборна победа
-Демонтажа на демократијата во Венецуела
Венецуела не треба да прима свежи пари
САД се еден од најострите критичари на социјалистичката влада во Каракас. По спорниот реизбор на Мадуро на претседателската функција во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп воведе казнени мерки за дополнување на постоечките санкции. Така, на владата на Мадуро треба да ѝ се оневозможи да добива свежи пари, објаснија претставници на американската влада.
Европската унија, исто така, размислува за нови санкции против јужноамериканската земја. Изборите во неделата не ги исполнија минималните меѓународни стандарди, рече шефицата за надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини, во Брисел.
Мадуро на гласањето во неделата извојува убедлива победа против неговиот противкандидат и обезбеди втор претседателски мандат до 2025 година. Тој се товари за укинување на демократијата во Венецуела.