Меѓу запленетите икони во Албанија, најмалку 20 се од Македонија
24 декември 2013Македонските претставници, во присуство на oбвинител, во просториите на Нацоналната галерија идентидикувале најмалку 20 икони, кои се украдени во Македонија. Според процедурата македонските власти треба да испратат барање со потребната документација до албанските власти, за да можат да ги вратат иконите во Македонија. Албанското јавно обвинителство, на средбата со македонските експерти, побарало да се достави документација со која ќе се докаже дека иконите навистина се со потекло од Македонија.
Во акцијата „Икона“, реализирна на почетокот на октомври, албанската полиција заплени 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, кои потекнуваат од средниот век. Уапсини беа Ѓерѓ Тимо (51), кој ги отфрла обвинувањата и тврди дека бил колекционер, и неговиот сработник Арбен Спахо (42). Тие се’ уште се во притвор.
Во текот на истрагата е утврдено дека Тимо продал најмалку 40 икони во Италија додека на албански државјанин во Швајцарија му продал осум стари и многу вредни икони за по 10.000 евра.