1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минимален рачен багаж – максимално трпение!

29 декември 2009

По случувањата од 25 декември и неуспешниот терористички напад врз американскиот патнички авион, германската влада е алармирана! Зголемен е степенот на контрола на аеродромите во земјата - на патниците и на багажот.

https://p.dw.com/p/LGGn
Фотографија: AP

Германските аердроми повторно потсетуваат на времето по терористичките напади од 11 септември. Видливо е зголеменото присуство на полиција, а пред безбедносните контроли опашките се долги и патниците се молат за трпение.

„Поради постоечкиот ризик за потенцијален напад врз воздушниот сообраќај, министерството за внатрешни работи уште еднаш ги зголеми безбедносните стандарди за контрола на патниците и рачниот багаж. Иако не сака да иницира паника, Владата го сфаќа многу сериозно обидот за напад на американскиот авин од 25 декември”, вели Габриеле Хермани, портпарол на сојузното министерство за внатрешни работи. Таа истакнува дека експертите за безбедност ги анализирале и како автентични ги окарактеризирале терористичките закани на Ал Каеда кои осамнаа деновиве на еден форум. Затоа и првиот човек на безбедноста Томас де Мезиер побара зголемување на степенот на контрола на аеродромите.

„За да се избегнат непотребните доцнења патниците се молат колку што е можно да го редуцираат рачниот багаж”, пренесе дел од препораките Хермани, според која целта е да се обезбеди максимално висока контрола на влезните точки на аерoдромите.

Nacktscanner am Flughafen Flash-Galerie
Специјалните скенери заради загрозување на приватноста чекаат одобрение за примена!Фотографија: DPA

Скенерите на телото чекаат одобренија

Вистински инструменти за контрола во вакви ситуации би биле најновите скенери на телото,меѓутоа нивната примена во моментот се оспорува поради повредата на личните права на патниците. Ваквите скенери, меѓутоа, сега се усовршуваат и имаат софтвер кој дава површинска слика на телото на жената и мажот, без посебно да ги исцртува интимните делови, со што, од овој аспект, примената на скенерот не би ги загрозила личните права на патниците.

Друго тешко поле е идентификација на експлозив. Има напредок во технологијата, но недоволен, зашто вакви апарати треба брзо да функционираат. И во овој дел направен е напредок на истражувањата, но за сериско производство на инструментите потребни се дополнителни испитувања и атести кои ги дава европската конференција која е под директна надлежност на Европската комисија. Така, за сите оние кои овие недели ќе летаат, препораката е: минимален рачен багаж и максимално трпение!

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска