1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Може ли иРНК-технологијата да ја револуционира медицината?

Фабијан Шмит
2 август 2021

Медицината веќе долго време ја истражува информациската РНК. Но, дури со вакцините-против Ковид-19 технологијата направи пробив. Прашања и одговори за вакцините, кои би можеле да направат пресврт во светот на медицината.

https://p.dw.com/p/3yK96
Illustration Krebszelle
Фотографија: Imago Images/Science Photo Library

Вакцина против маларија всушност постои, но таа е далеку од сигурно средство: одамна постои препарат кој делува во околу една третина од случаите, а оваа година беше лансирана вакцината Р21 / Матрикс-М, за која создавачите веруваат дека би можела да биде ефикасна во 75% од случаите. Но, дали може да биде подобро од тоа?

Основачот на Бионтек, Угур Шахин, кој е заслужен за првата вакцина против Ковид-19, верува дека може. Како што неодамна објави во Франкфурт, тие сега ќе се занимаваат со вакцината против маларија и се планира клиничкото испитување да започне веќе на крајот на следната година.

И во овој случај, тие се потпираат на технологијата на информациската РНК (иРНК или mRNA), генетски „курир“ на рибонуклеинска киселина, со кој беше создадена вакцината на компанијата против коронавирусот. Но, од каде потекнува таа технологија и колку напредувале истражувањата? Еве некои од најважните прашања и одговори. 

Како функционира иРНК?

Задачата на рибонуклеинската киселина (РНК) е да создаде протеински молекули врз основа на информации од нашиот генетски материјал, „двојната спирала“ на дезоксирибонуклеинската киселина (ДНК). Тоа го прави во „фабрика“ на клетки, рибозоми.

Ова го користи во медицината: при вакцинацијата вештачки создадената РНК на рибозомите им доставува „градежен план“  за производство на антитела кои ќе дејствуваат против делови од патогенот-„натрапник“, на пример, бодликавиот протеин на коронавирусот. Лекот тогаш всушност го создава нашето тело бидејќи нашиот имунолошки систем реагира на тие делови на предизвикувачот на болеста.

Повеќе:

-Орден за заслуги за Озлем Туречи и Угур Шахин, творците на вакцината Бионтек/Фајзер

-„Бионтек“: Турското семејство кое ја создаде вакцината против коронавирусот

-Пружаат ли вакцините на Бионтек/Фајзер и Модерна трајна заштита од коронавирус?

Иако веќе имаше написи во медиумите дека сме на чекор да откриеме лек за ракот со оваа нова технологија, сепак има многу проблеми. Најголемата работа е дека ракот не е последица на некој „натрапник“ -  туку станува збор за „подивени“  сопствени клетк на нашиот организам. Сѐ уште се прават обиди да се открие оној дел, кој е специфичен само за клетките на ракот, но не и за нашите здрави клетки, и на кое нашиот природен одбранбен систем би можел да биде насочен со методот на иРНК. И кај другите истражувања, како што е маларијата, исто така имаат проблеми што сè уште не се решени.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

Што ги разликува иРНК од другите вакцини?

Вообичаено е со вакцинацијата во телото да се внесуваат ослабени живи или мртви патогени  со цел тоа да „научи“ да се бори против него. Кај иРНК вакцините не се прави тоа, туку сѐ всушност се создава во нашите клетки.

Ова, всушност, го олеснува создавањето на вакцини и нивно прилагодување на други патогени, бидејќи треба да се прилагода само одредени платформи на вакцини, значи во веќе испробана постапка.

Колку е нова идејата за информациска РНК?

Идејата, всушност, воопшто не е нова: уште во 1961 година, биолозите Сиднеј Бренер, Франсоа Жакоб и Метју Меселсон откриле дека РНК пренесува наследни информации што можат да се користат за синтеза на протеини во нашите клетки. Тоа беше теоријата, а тоа му успеа дури на вирологот Роберт Мелоун  во 1989 година.

Првите обиди за создавање на вакцини со оваа технологија беа во 1993 и во 1994 година, но само кај глувци. Се бараше вакцина против вирусот Семикли-Валд, кој беше локализиран дури во 1942 година во Уганда и кој напаѓа само глодари.

Но, од самиот почеток се разгледуваа можните придобивки за здравјето на луѓето и особено за борбата против ракот. Првите клинички испитувања со препарати врз база на иРНК беа во 2002 и во 2003 година и беа насочени против клетките на ракот. Ова всушност остана главната област на истражување на оваа технологија.

Против што би требало да се користи технологијата иРНК?

Постојат цела низа патогени кај кои со овој метод се сака да се постигне успех. Во прв ред станува збор за вируси, како што се ХИВ, беснило, Зика, Чикунгуња и Денга , но и „обичниот“ грип. Истражувачите имаат големи надежи дека брзо можат да се постигнат добри резултатио, како што се случи во борбата против Ковид-19.

Освен тоа, борбата против ракот е едно од најстарите и најнапредните полиња на истражувањата со иРНК .

Само во јуни, Бионтек започна студија за втора фаза во борбата против многу смртоносниот карцином на кожа.

Се разбира, искуството со коронавирусот не може едноставно да се пренесе на клетките на ракот. Тие се многу поголеми од вирусите. Реакцијата на имунолошкиот систем е многу различна. 

#dw_BalkanBooster: Да се вакцинирам или не, прашање е сега!

Веројатно клучот за успех кај карциномот и маларијата лежи во идентификување на протеините кои се од клучно значење за функционирањето на патогенот за кој станува збор, и кои сепак предизвикуваат многу силен имунолошки одговор во организмот. И во двата случаи, сопствениот имунолошки систем на организмот мора да ги убие клетките што предизвикуваат болести без да им наштети на здравите клетки или на човечкиот организам.

Дали иРНК-технологијата ќе ја револуционира медицината?

Експертите се многу внимателни по ова прашање: се разбира, постои голема надеж во иРНК технологијата, но лекарите би биле среќни кога би била пронајдена поефикасна вакцина против грип - поточно, која би дејствувала против повеќе видови на вирусот на грип, наместо „коктелите“ кои што се користат денес: во кои има најмногу четири или пет видови на вирусот, кои се сметаат за најраспространети таа година.

Но, секако дека нема таков лекар - а уште повеќе пациент кој не сонува дека ќе се открие средство кое целно ќе ги нападне и уништи патолошките клетки во карциномот. Тоа, тогаш навистина би била револуција во секој поглед - дури и финансиски, бидејќи би било далеку подобро и поуспешно од хемотерапијата или зрачењето. Милиони евра беа потрошени за ова истражување долго пред да се појави коронавирусот, но сѐ уште нема вистински резултат.