1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

МПЦ-ОА во исчекување: За што ќе бијат камбаните?

24 мај 2022

Расте надежта дека денешното заедничко сослужување на поглаварите на СПЦ и МПЦ-ОА ќе заврши со радосна вест -потврда на автокефалноста.

https://p.dw.com/p/4Blpx
Mazedonien - Orthodoxe Weihnachten
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Ќе биде ли денешниот ден - ден на голема радост за МПЦ-ОА и верниците? Српската православна црква (СПЦ) која го заврши мајскиот Собор, во официјалното соопштение немаше дополнителни информации дали е донесена одлука со која СПЦ ќе ја претстави МПЦ-ОА пред  Вселенската патријаршија  за автокефалност. Надежите се дека тоа може да биде соопштено токму денес, на крајот од заедничкото сослужување на поглаварите на српската и македонската црква.

„Се надеваме, и го очекуваме тоа. Но, да оставиме ако нешто треба да биде кажано - нека биде кажано од тој што треба, а не од медиумите. Да бидеме трпеливи, да почекаме“, изјави за ДВ член на Синодот на МПЦ-ОА.

Тој навести дека ако има радосна вест, таа би требало да биде соопштена во беседа на крајот од литургијата.

Како што е познато, денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, српскиот патријарх г.г. Порфириј и архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински цркви од 9 часот ќе служат Божествена литургија.

МПЦ-ОА преку соопштение го повика верниците да земат молитвено учество и се очекува тие денеска во огромен број да пристигнат во Скопје. Подготовките за денешниот чин беа видливи во текот на вчерашниот ден, кога се уредуваше дворот и внатрешноста на Соборниот храм.

Симболиката да заврши со радост

Минатата недела двете цркви предводени од поглаварите одржаа литургија на помирување и во храмот „Свети Сава“ во Белград, со која беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу  СПЦ и МПЦ-ОА.  Заедничките литургии во  Белград и Скопје  следуваат откако

на 9-ти мај Вселенската патријаршија донесе одлука за признавање на црковната јерархија на Охридската архиепископија за канонска и валидна во сеправославниот свет, а Соборот на СПЦ неколу дена подоцна и го потврди на МПЦ-ОА статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година. Но, тоа не е конечниот стаус кој го бара МПЦ-ОА.

„Има многу симболика во сослужувањето во Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’ во Скопје, меѓу aрхиепископот Стефан и патријархот Порфириј - симболика што би требало да биде заокружена со сеопшта радост“, вели Марјан Николовски новинар и уредник на порталот Религија.мк.

„На 24-ти мај, денот на сесловенските просветители, а пет дена по првото сослужување во Белград, сега домаќин е МПЦ-ОА.  СПЦ и во последното соопштение користи терминологија ‘две сестрински цркви’. Иако по завршувањето на Соборот во официјалното соопштение нa СПЦ немаше детали дали има или не - одлука за претставување на МПЦ пред Вселенската патријаршија, неофицијалните информации велат дека токму затоа е и оваа брза возвратна посета. Многу негативни вести изминативе децении се соопштува преку соопштенија, една добра би требало да биде соопштена во живо. Очекувањата се, дека по литургијата патријархот Порфириј во беседата би требало да соопшти што одлучил Соборот“, вели Николовски.

Верува дека денешниот ден ќе донесе потврда за автокефалноста.

„Мислам дека за СПЦ Македонија и МПЦ-ОА е веќе затворено прашање и затоа се очекувањата дека овој 24-ти мај ќе значи и потврда на македонската автокефалност. Во иднина СПЦ ќе се фокусира на Црна Гора, каде не верувам дека ќе се согласи на автокефалност, а МПЦ-ОА ќе мора да се фокусира на сериозна дипломатска мисија во разговорите со Вселенската Патријаршија околу конечниот текст на Томосот. Тој процес е почнат одамна. Ако 9-ти мај беше иницијатор на ова што се случува со СПЦ, вистинските односи со Вселенската Патријаршија МПЦ-ОА ги почнува на 12 јуни во Фанар, на првата служба на Патријархот Вартоломеј и Архиепископот Стефан. Сѐ ова покажува дека проблемот на македонската автокефалност воопшто не бил комплициран, но веројатно сега дојде и времето и добрата волја. Зошто сега - е веројатно прашање со повеќе одговори“, вели Николовски.

Nord-Mazedonien Skopje |  Kliment von Ohrid Kirche
Црквата „Свети Климент Охридски“ во СкопјеФотографија: DW/D. Dedovic

На средба во резиденцијата

Делегацијата на СПЦ предводена од патријархот Профириј пристигна во Скопје вчера попладне, а во неа се митрополитот црногорскo-приморски Јоаникиј, eпископот сремски Василиј, епископот бачки Иринеј, епископот зворничко-тузлански Фотиj, епископот крушевачки Давид, епископот ремезијански Стефан и епископот шабачки Јеротеј.

На аеродромот во Скопје делегацијата на  СПЦ беше пречекана од  митрополитот преспанско-пелагониски Петар,  епископот хераклејски Климент и српската амбасадорка во РСМ, Невена Јовановиќ, по што делегацијата на СПЦ беше примена од архиепископот г.г. Стефан во неговата резиденција во Скопје. На средбата кај г.г. Стефан, присуствувал и митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Српските медими со големо внимание ја пренесуваат веста за денешното заедничко сослужување на двајцата поглавари во Скопје, но без дополнителни информации дали тоа ќе заврши со нешто повеќе.