Нагасаки: Потсетување на жртвите на атомската бомба
9 август 2013Церемонијата на одбележување на годишнината, на која присуствуваше и јапонскиот премиер Шинзо Абе, градоначалникот на Нагасаки, Томихиша Тауе, ја искористи за невообичаено остра критика на владата што во април на меѓународниот собир за разоружување одби да потпише изјава со која безусловно би го отфрлила користењето нуклеарно оружје. Тоа претставува предавство на очекувањата на светската јавност за напредок во разоружувањето, истакна градоначалникот. Тој додаде дека Јапонија, како единствена земја која во историјата била нападната со нуклеарно оружје, пропуштила да го преземе водството во светот во целосната елиминација на нуклеарното оружје. Тауе ги повика САД и Русија да ги намалат своите нуклеарни арсенали. Абе своето неставање потпис на документот во Женева во април го образложува со опасноста која се заканува од Северна Кореја.
Илјадници луѓе присуствуваа денеска на одбележувањето на денот кога врз јапонскиот град Нагасаки беше фрлена атомска бомба која усмрти 70.000 луѓе. Во 11 часот и 2 минути, по локално време, кога е фрлена втората атомска бомба во историјата, по онаа во Хирошима неколку дена порано, се огласија ѕвоната во градот на западот на Јапонија. Меѓу насобраните имаше преживеани во нападот, функционери, странски делегации, кои со минута молчење оддадоа почит кон жртвите.
Нападите на Хирошима и Нагасаки ја забрзаа капитулацијата на Јапонија и завршувањето на Втората светска војна на 15 август 1945 година.