Нагорно-Карабах: Вооружениот конфликт ескалира
28 септември 2020Тешките борби меѓу ерменските бунтовници и Азербејџан продолжија рано утрината поради деценискиот територијален спор. Официјалните лица во отцепениот регион Карабах изјавија дека загинале вкупно 32 нејзини борци.
Портпаролот на ерменското министерство за одбрана изјави дека „интензивните борби продолжиле во текот ноќта“, додека претставниците на министерството за одбрана во Карабах потврдија дека загинале уште 15 борци, со што вкупниот број на воени жртви достигна 32 откако ескалираа судирите во неделата.
Во оваа ерменска енклава во Азербејџан вчера избија најтешките конфликти од 2016 година, наведува агенцијата Франс прес.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повика Азербејџан и ерменските сепаратисти во Нагорно-Карабах веднаш да ги запрат борбите во оваа азербеџанска област. Гутереш ги повика двете страни да започнат и со деескалација на тензиите и без одложување да се вратат на смислените преговори, пренесе неговиот портпарол Стефан Дижарик.
Повеќе:
-Вистинско решение за конфликтот во Нагорно-Карабах во моментов нема
-Повторно се разгорува конфликтот за Нагорно Карабах
Тој наведе дека Гутереш има намера да се сретне со премиерот на Ерменија Никол Пашињан и со азербеџанскиот претседател Илхам Алиев. „Генералниот секретар е многу загрижен пореди неодамнешната обнова на непријателство и ја осудува упоретбата на сила“, додаде Дижарик.
Во денешните конфликти азербеџанските сили и ерменските сепаратисти од Нагорно-Карабах, поддржани од Ереван, починаа 32, а ранети се околу 100 лица. Корените на конфликтот потекуваат од 1923 година кога советските комунистички власти ја приклучија областа Нагорно-Карабах на Азербеџан.
За време на распаѓањето на СССР, Ерменците во Нагорно-Карабах гласаа за независност на референдум во 1991 година, кој го бојкотираа локалните Азербеџанци. Веднаш по референдумот започнаа вооружени конфликти во Азербеџан, кои ги поддржа Турција, и во Нагорно-Карабах, поддржани од Ерменија.
Примирјето беше договорено во мај 1994 година со посредство на Русија.Претставниците на Ерменија и на Азербеџан оттогаш водат мировни преговори со меѓународно посредство, со повремени вооружани инциденти.
Во април 2016 година дојде до конфликт на линијата на разделување во кој загинаа најмалку 30 војници на двете страни.