„Најлошиот претседател на САД на сите времиња“
11 јануари 2021Поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е неуспешен лидер кој ќе остане во историјата запомнет како најлошиот шеф на американската држава.Шварценегер, кој е републиканец како и Трамп, во видео порака изрази задоволство оти мандатот на Трамп ќе истече за 9 дена и дека, како што рече, „наскоро ќе биде ирелевантен како стар твит“.
Тој повика на државно единство и најави поддршка за новиот претседател, демократот Џо Бајден. Тој толпата луѓе кои насилно влегоа во американскиот Капитол ги спореди со нацисти.
„Кристална ноќ“
„Средата беше 'Кристална ноќ' и тоа токму тука, во Соединетите Држави“, рече Шварценегер.Нацистите во Германија и во Автрија во 1938 година ги вандализираа еврејските домови, училишта и компаниите, а нападот наречен е „Кристална ноќ“ („Ноќ на скршени стакла“).
„Скршено е стаклото на прозорците на Капитолот во САД. Но, вандалите не само што ги скршија стаклата на Капитол, туку и идеите кои ги земавме здраво за готово“, изјави Шварценегер. „Газеа по принципите на кои е основана нашата земја“.
Повеќе:
-Американската демократија го преживеа Доналд Трамп
-Што значи упадот во Капитол за западните демократии?
Шварценегер, кој е роден во Австрија, ја спореди крајно десничарската екстремистичка група „Горди момци“ со нацисти. Некои лидери на оваа организација се уапсени во Вашингтон пред и по нередите во средата. „До оние кои мислат дека можат да го срушат Уставот на САД, знајте го ова: Никогаш нема да победите!“, рече Шварценегер.
Натамошни апсења - и импичмент на Трамп
Во меѓувреме, федералната полиција-ФБИ уапси уште двајца други наводни учесници во насилниот упад во Капитол. Ова значи дека најмалку 20 осомничени треба да одговораат за безредијата пред федерален суд.
Овој понеделник, Демократската партија во Конгресот ќе започне втора постапка за импичмент против претседателот Трамп. Иако веќе нема доволно време за официјално отповикување на Трамп од функцијата, до редовното предавање на власта на Џо Бајден , претседавачката со Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, се залага за ваков чекор. Трамп беше непосредна закана за уставот и демократијата, ја образложи таа причината за ваквиот чекор.