Најопасната депонија во С. Македонија
Најопасната депонија во С. Македонија
Најтоксична депонија
Депонијата со линдан во кругот на поранешната фабрика „Охис“ (Органско Хемиска Индустрија Скопје) е рангирана како најопасна во Северна Македонија, според токсичноста на отпадот. Оваа супстанција е забранета за употреба во повеќе од 50 земји.
Преку почвата и водата до нас
Линданот е токсична супстанција која предизвикува заболувања на црниот дроб и крвта, како и оштетувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем. Оваа супстанција се акумулира во живите организми и предизвикува повеќе видови канцер.
„Од каде се производите?”
Граѓаните често им го поставуваат ова прашање на пазарџиите, загрижени за своето здравје. Некој знае за загадувањето на почвата и водата, друг само потчул нешто. Затоа на пазарите неретко стојат натписи над стоката што се продава на кои е напишано името на местото или регионот од каде што потекнува, како на оваа фотографија.
Недостиг на искуство и технологија
Регионот околу депонијата во Охис ќе „оздрави“ кога ќе биде отстранет отровниот линдан. Македонските власти најавија дека за чистење на депонијата ќе биде избрана странска компанија, поради недостиг на искуство и технологија во земјата. До крајот на 2019. треба да биде објавен меѓународен конкурс на организацијата на ОН - УНИДО за избор на фирма за отстранување на линданот од малата депонија.
Загризи, без грижа?
Конзумирањето храна без главоболки околу нејзиното потекло во скопскиот регион нема да биде можно во догледно време. Според проф. Трајче Стафилов од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, најбезбедното решение е да се спакува целиот материјал, иако е над 30 илјади тони, и да се транспортира во некоја од западните земји, каде има фабрики за уништување на таков вид отпад.
Линданот е супстанција која е забранета во голем дел од светот. Во Скопје има депонија со линдан, која, според токсичноста, е рангирана како најопасна во земјата. Линданот секојдневно ја загадува почвата. Има ли надеж за негово отстранување?