Незаборавни моменти од историјата на Твитер
На 21 март 2016, Твитер наполни 10 години. Од политика до забава, овие твитови беа спонтани реакции на светските настани опишани во карактеристичните 140 знаци.
Сѐ започна пред 10 години
Ко-основачот и директор на Твитер, Џек Дорси или едноставно @jack, го постираше првиот твит воопшто на 21 март, 2006 кој гласеше: "„само го поставувам твитер“, „just setting up my twttr." Многу други корисници на платформата за микроблогинг ги започнаа своите приказни со слична порака, но овој доби десетици илјади ретвитови.
'Најдобрата фотографија воопшто'
Американската ТВ водителка Елен Деџенерис го постираше ова селфи од доделувањето на Оскарите во 2014, кое го нарече „најдобрата фотографија воопшто“, и неверојатен број луѓе се согласија. Твитот со фотографијата на некои од најпознатите светски актери имаше повеќе од 3 милиони ретвитови и стана најуспешниот на сите времиња.
#Египет
Ексцентричната забава на Твитер добро функционира, но бројни твитови се бават и со многу сериозни теми. За време на Арапската пролет, #Египет беше користен на Твитер од страна на локалните активисти и новинарите за да информираат за падот на режимот во земјата.
#jesuischarlie
На 7 јануари, 2015, двајца исламистички милитанти влегоа во канцелариите на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ и убија 11 луѓе. Преку хаштагот #jesuischarlie на Твитер беше изразувано сочуство за жртвите од масакрот. Неколку недели по нападите, хаштагот веќе имаше преку 5 милиони споменувања на Твитер.
Живо од теренот
По победата на Мундијалот 2014 во Бразил, германските ѕвезди Лукас Подолски и Бастијан Швајнштајгер го постираа ова победничко селфи од самиот терен. Не само што им се оствари сонот на теренот, туку нивниот твит беше ретвитуван уште 80 илјади пати.
Добри вести за кралското семејство
Првиот син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт се роди на 22 јули 2013. Напуштајќи ја праксата веста најпрво да биде соопштена пред Бакингемската палата, раѓањето на Џорџ беше објавено на Твитер. „Нејзиното кралско височество Војвотката од Кембриџ роди син во 4:24 часот“. Сличен твит беше објавен и за раѓањето на Шарлот во 2015 година.
Уште четири години за Барак Обама
Американскиот претседател ја постираше фотографијата во која ја држи во прегратка сопругата Мишел по реизборот за втор мандат на функцијата во ноември 2012. Пораката беше ретвитувана 800,000 пати, и е еден од најуспешните твитови воопшто.
Победнички совет
Некои од најуспешните твитови се многу едноставни, во рамките на ограничувањето од 140 карактери. Во 2011, оваа куса мотивациска порака замина во етерот: „Никогаш не се плаши да сонуваш“. Секако, за нејзината популарност придонесе и авторката на твитот: Стефани Џерманота, ака Лејди Гага.