1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неизвесност пред изборите за Бундестагот

АТ/ дпа/ афп20 септември 2013

Три дена пред изборите за германскиот парламент, Бундестагот, расте нервозата: која партија ќе влезе во парламентот? Кој ќе составува влада? Новите анкети покажуваат - резултатот ќе биде тесен.

https://p.dw.com/p/19l0Z
Фотографија: picture-alliance/dpa

Последната анкета објавена од Втората програма на германската телевизија ЦДФ покажува дека владејачкиот сојуз од партиите на Унијата и Либералите имаат многу тесно мнозинство. ЦДУ/ЦСУ и ФДП според оваа анкета би освоиле 45,5 проценти од гласовите. За СПД, Зелените и Левицата би гласале 44,5 проценти.

Според една анализа на институтот Инса за весникот „Билд“ пак црно-жолтата коалиција (партиите на Унијата и Либералите) би освоиле 44 проценти, и со тоа не би имале мнозинство. Социјалдемократите (СПД), Зелените и Левицата би имале заедно 45 проценти. Наспроти анализата на ЦДФ, според Инса еврокритичната и деснопопулистичка партија „Алтернатива за Германија“ исто така би го минала прагот од 5 проценти и би влегла во парламентот.

Телевизијата ЦДФ, за првпат по повеќе децении, наспроти договорот со првата програма на германската телевизија АРД објави анкета во неделата пред изборите. Телевизијата го образложува овој чекор со новите тенденции по покраинските избори во Баварија, каде сѐ повеќе избирачи одлуката за кого ќе гласаат ја донесуваат во последните денови пред изборите.