1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема веќе работа „од утро до мрак“?

ЕМФ / дв
14 мај 2019

Европскиот суд денеска донесе одлука: работодавачите мора систематски да го бележат работното време на своите вработени. Тоа и во Германија може да има далекусежни последици.

https://p.dw.com/p/3ITcz
Symbolbild EuGH Urteil: Arbeitgeber müssen Arbeitszeiten systematisch erfassen
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Weigel

Работодавачите со одлуката на Европскиот суд во Луксембург се обврзани систематски да го бележат работното време на своите вработени. Одлуката мора да се спроведе во сите држави членки на ЕУ, одлучија судиите во Луксембург. Само на тој начин, според нив, може да се гарантира придржување од европското право и до дозволеното работно време.

На пресудата ѝ претходеше правен спор помеѓу Дојче банк и синдикатот ЦЦОО во Шпанија. Имено, во Шпанија работодавачите досега мораа да ги бележат само прекувремените часови. Синдикатот аргументираше дека прекувремените часови може да се евидентираат коректно само доколку биде уредно евидентирано и регуларното работно време. Поради фактот што тоа не се случува, во Шпанија не се евидентираат повеќе од 50% од прекувремените часови. Правниот спор прво се водеше пред Националниот суд во Шпанија, кој го префрли предметот на Европскиот суд во Луксембург. Тој сега одлучи во полза на синдикатот.

Кој работи не треба да е сиромашен?

Како образложение судиите укажуваат не само на насоките на ЕУ за работното време и на насоките за сигурност и здравје на работниците, туку и на ЕУ-повелбата за темелни права. Во неа се вели дека „основно право на секој работник е ограничување на максималниот број работни часови и дневни и неделни паузи за одмор“. Со оглед на тоа што вакво нешто не може да се направи без да се евидентира вкупното работно време, судот им наложи на државите членки на ЕУ да донесат соодветна регулатива за тоа.

Повеќе:

Милиони Германци работат на повеќе работни места

За шефот секогаш достапни- на сопствена штета

Цела плата за шест часа работа дневно

Пресудата може да има големо влијание врз работното секојдневие во Германија, каде, како и во Шпанија, досега мораше да се евидентираат само прекувремените работни часови. Евиденцијата на целото работно време може да биде проблематично кога се работи од дома, од друго место кое не е во објект на работодавачот, или при службени телефонски разговори навечер. Како решение предвид се земаат апликации. Германските синдикати одамна го критикуваат искористувањето на работниците со неформално продолжување на работните времиња кога треба всушност да се одмараат или кога се на одмор.