1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов обид за големо реструктуирање на Дојче Банк

Хенрик Беме
6 март 2017

Дојче банк се откажува од сонот да стане светски играч. Во обид повторно да стане профитабилна, банката се рефокусира на домашниот пазар. Тоа би можело да функционира, а можеби и не, смета Хенрик Беме.

https://p.dw.com/p/2YgqU
Frankfurt Zentrale der Deutschen Bank
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Stratmann

Во Дојче банк ги сакаат неделите. Кога во летото 2015 година го отпуштија неуспешниот генерален директор Аншу Јаин, тоа го направија во недела. Сега, повторно: големо реструктурирање кое вклучува зголемување на капиталот за неколку милијарди – беше најавено во недела. Соопштението за јавноста напишано на седум страници беше испратено во 16 часот и 42 минути. Целта на операцијате е: Дојче банк повторно да стане германска.

Постбанка останува

Фактите се: По долгата борба, Постбанка со своите милиони клиенти ќе остане подружница на Дојче банк. Не затоа што банката од Франкфурт наеднаш го смени ставот кон подружницата од Бон. Дојче банк едноставно не можеше да најде купувач – ниту во Кина – кој сака да работи со приватни клиенти во време на ниски камати и дигитална транзиција која го зафати и банкарскиот сектор. Барем никој не сакаше да ја купи по цената која ја побара Дојче банк.

Deutschland Deutsche Bank - Jahreszahlen 2016
Извршниот директор на Дојче банк Џон Крајан (лево) и финансискиот директор Маркус Шенк (десно).Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Новиот фокус на домашниот пазар е поддржан со две кадровски решенија: Извршниот директор Џон Крајан добива двајца германски заменици, Маркус Шенк и Кристијан Зевинг – или како што некои би рекле: двајца принцови кои сега се натпреваруваат за тронот. Ова стана очигледно во неделата: Крајан веројатно нема да го продолжи договорот кој истекува во 2020 година. Досега, Шенк беше финансиски директор, а Зевинг главен за германските опрации. Еден од нив ќе го наследи кралството.

Непопуларно зголемување на капиталот

Нормално, новата стратегија исто така треба да биде финансиски поддржана затоа што во последно време банката е особено позната по генерирањето на загуби – и тоа гигантски. Притисокот врз изршниот директор конечно да презентира нова стратегија постојано се зголемува, особено од Катар, еден од најголемите акционери. Шеиците сега поседуваат повеќе од 10 проценти од акциите на најголемата финансиска институција во Германија.

Ним навистина нема да им се допадне она што планира да го најави банката: три години од последното зголемување на капиталот, банката повторно треба да побара пари од инвеститорите. Дојче банк се надева дека ќе добие 8 милијарди евра преку нова емисија на акции. Банката сакаше да го избегне тоа по секоја цена и секое прашање во врска со зголемувањето на капиталот на прес конференциите во последните месеци беше умешно избегнувано. Не, нема потреба од тоа, ние сме добро позиционирани, имаме 200 милијарди во кеш во нашите сефови, велеа од банката. Најважниот финансиски индикатор за финансиската стабилност во услови на криза се подобри. Зголемувањето на капиталот, т.е. јавна понуда на нови акции не е нешто што сакаат да го видат инвеститорите затоа што тоа ја намалува вредноста на нивните акции. За да се осигура дека инвеститорите добро ќе го поднесат тоа, банката најави дека ќе исплати мала дивиденда, нешто што не го направи во последните години, поради милијардите во загуби. Исто така, банката планира да го одвои успешниот бизнис со управување на средства и да го понуди на јавна продажба со акции. Со тоа би требало да се осигураат уште неколку милијарди.

Лов на помали риби

Boehme Henrik Kommentarbild App
Хенрик Беме

Да сумирам: Дојче банк повторно ја открива старата сила. Сака да биде „јасен лидер на пазарот“ во Германија за корпоративно и приватно банкарство, сака да биде инволвирана кога компаниите планираат големи и мали инвестиции или сакаат да спојуваат или купуваат други бизниси. Да бидеме искрени: Како е можно германскиот хемиски гигант Бајер да договара зделка од 66 милијарди долари и Дојче банк да не ја финансира? Тоа треба да се смени.

Дојче банк отсега ќе оди во лов на помали риби. Сепак, нема гаранција дека новата промена на стратегијата ќе донесе успех. Времињата се менуваат радикално и во банкарската индустрија. Доколку одговорните лица во Франкфурт успеат да го балансираат реструктуирањето на Дојче банк и дигитализацијата, 150-от роденден на банката во март 2020 година ќе биде релаксиран.

Boehme Henrik Kommentarbild App
Хенрик Беме Уредник за економија, со фокус на меѓународната трговија, автомобилската бранша и финансиите@Henrik58