Обновени летовите кон Тел Авив
26 јули 2014„Луфтханза“ ги обновува летовите денеска и нејзината одлука се однесува и на компаниите кои потпаѓаат под нејзината групација: „Џерманвингс“, „Аустријан ерлајнс“, „Свис ерлајнс“ и „Браслс ерлајнс“.
„Луфтханза“ информираше дека нејзината одлука е базирана „врз основа на најнови информации кои стојат на располагање и врз основа на проценката на ситуацијата со локалната безбедност“. „Ер Франс“, пак, се повикува на „сложени анализи спроведени од француската влада, останати земји од ЕУ и САД“.
„Луфтханза“ информира дека ќе и’ требаат можеби неколку дена додека да го врати комплетниот ред на летање. Од компанијата ги советуваат патниците да побараат дополнителни информации на вебстраниците на поединечните воздухопловни фирми. Гупацијата „Луфтханза“ вообичаено оперира со 7 до 10 лета дневно кон Тел Авив и тоа од аеродромите во Франкфурт, Берлин, Минхен, Цирих и Виена.
Европската агенција за воздухопловна безбедност во четвртокот (24.07.) ја укина препораката до воздухопловните компании да се воздржат од летање кон израелскиот главен аеродром. Таа беше дадена поради загриженост за безбедноста на патниците, откако оваа недела ракета испукана од Хамас заврши во близина на аеродромот.
Одлуката за суспензија на летовите кон аеродромот во Тел Авив беше остро критикувана од израелските власти и со неа беа заглавени бројни патници на овој аеродром или на други аеродроми ширум светот.