1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе од само мрачен гениј

3 јули 2008

Опусот на Франц Кафка никогаш нема да биде исцрпен и во него човек постојано ќе стекнува нови сознанија. Денеска се навршуваат 125 години од раѓањето на еден од најзначајните писатели на германски јазик во светот.

https://p.dw.com/p/EVP9
Франц КафкаФотографија: AP

Со неговите загадочни текстови се измачија генерации ученици и студенти. Тајната на Франц Кафка е во тоа што по повторното читање, секогаш се открива нешто ново во неговите дела.

По повод јубилејот, Рајнер Штах го објави вториот том од сеопфатната биографија на Франц Кафка наречен: Години на спознание која го покрива периодот од 1916 година па се’ до смртта на писателот во 1924 година.

Кафка е повеќе од широко распространетата слика за него

Мрачен отуѓен сонувач, безнадежно вплеткан во семејни конфликти. Така многумина си го претставуваат Кафка. Од фотографиите тие познаваат млад човек со паднати образи и тажни очи. И од неговото писмо напишано во 1919 година до неговиот татко, се знае колку тој страдал од него. Но животот и делото на Кафка не може да се сведе само на оваа широко распространета слика за него.

Рајнер Штах во неговата сеопфатна и извонредно напишана биографија на Кафка нуди диференцирана слика за големиот писател: „Сакав да демонстрирам, дека политичките случувања чив сведок бил Кафка, пред се за време на Светската војна, не биле за него само кулиса туку дека тој бил инволвиран“

Клетвата на семејството

Франц Кафка, е роден во Прага во еврејско семејство, кое држело продавница за галантерија. По желба на татко му, тој завршил правни студии во 1908 година и се вработил во заводот за осигурување од незгода на работниците. Тој вредно и успешно работел и бил партнер за преговори од кој стравувала противничката страна на работодавачите. Практично тој победувал во секој правен спор-вели биографот на Кафка, Рајнер Штах.

Franz Kafka mit erster Verlobten
Кафка со неговата љубена Фелис БауерФотографија: picture-alliance/ dpa

Истовремено Кафка сонувал меѓутоа да ја напушти Прага. Тој сакал да се ослободи од канџите на семејството и да живее како слободен писател во Берлин кај неговата љубена Фелис Бауер. Но војната променила се. Слободата на движење била ограничена и Кафка морал да работи двојно повеќе од порано, зашто многу колеги од заводот биле на фронтот. Она што дотагаш го правел, да се врати попладне дома и да пишува, повеќе не било можно.

„ Тоа беше завршено. Тој мораше , попладне во 5 повторно во бирото. Мораше и во сабота да работи и речиси и да немаше повеќе време за пишување. Потоа тој се обидел едноставно да го игнорира тоа и се разбира поота страдал од голема несоница. Тоа се најважните причини поради кои не успеал да ја заврши книгата Процес. Тој бил толку исцрпен од двојното оптоварување во бирото и со пишувањето, и така едноставно не можело натаму“

Во кризни ситуации, Кафка откривал непознати резерви

Така целосно преработениот Кафка се префрлил на пишување на кратки парчиња проза. Во зимата на гладот на крајот 1916 и почетокот на 1917 година, тој ги создал извонредните раскази како Селскиот лекар, Мостот и На галеријата. Токму во кризни ситуации кога верувал дека се наоѓа на крај од силите, тој откривал непознати резерви. И сепак тој бил ретко задоволен. Кафка бил ужасен перфекционист. Тој на публиката и го давал само она што ги задоволувало неговите критериуми 150 насто.

Кафка како и многу други уметници бил тежок човек со бројни неурози. Тој меѓутоа не бил тешко пореметен како што сметаат честопати интерпретаторите: „Тој имал строги навики. Тој меѓутоа го знаел тоа и можел сам себеси да ди се потсмева поради тоа. Но тоа не биле тешки работи, кои заедничкиот живот со него би го направиле невозможен, дури и ако и самиот понекогаш тврдеше така.“

Во неговата глава постојано било кино

Franz Kafka Museum Prag
Франц Кафка музејот во ПрагаФотографија: picture-alliance/ dpa

Што се однесува до жените, Кафка никогаш не живеел како монах. Но тој стравувал за својата внатрешна рамнотежа, и бил растргнат меѓу блискоста и дистанцата. Единствено Милена Јесенска му била дорасната, и да бил здрав, веројатно би се борел за неа. Така пропаднала и оваа љубов. Кафка почина во 1924 година пред неговиот 41 роденден од туберкулоза.

Претходно тој го замолил Макс Брод, да го уништи неговото пишано наследство. Меѓутоа долгогодишниот пријател одбил да ја изврши оваа негова молба за доброто на идните генерации. Брод беше првиот, кој се грижеше за богатиот опус на Кафка. Опус кој уште долго нема да биде исцрпен и во кој човек постајано стекнува нови сознанија.

Како преку биографијата на Рајнер Штах:„Секогаш велам, во неговата глава постојано било кино, веројатно било така, како под дроги или како што ние ги доживуваме нештата во пубертетот“