1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Состојбата со пожарите се влошува

ЕМФ
2 август 2021

Ситуацијата се пожарите е исклучително сериозна, предупреди директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Попладнево огнот зафати и куќи во Кочани.

https://p.dw.com/p/3yRk3
Waldbrand Brandenburg bei Jüterborg
Фотографија: Imago/Marius Schwarz

Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади. Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. На локализирање на пожарот работат екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочан, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип. Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Во земјата во моментов има 13 активни пожари, изјави попладнево директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов за телевизија Телма. Поради сериозноста на ситуацијата, од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски, е дадена наредба за вклучување на војската во гаснење на пожарите.

„Најсериозна е состојбата во општина Старо Нагоричане, каде што огнот е до куќите на селата Кокино и Степанце... Хеликоптер на армијата во овој момент почнува да дејствува на ова подрачје“, рече Ангелов, и додава дека состојбата е сериозна и во Македонски брод и Делчево, а сериозен пожар има и во општина Липково.

Повеќе:

Грција, Турција, Италија– пожари и топлотен бран од историски размери 

Жртви во пожарите во Турција

Ситуациониот центар при Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека до пладне имало неколку активни пожари ширум земјата. Пожарот во општина Валандово е сѐ уште активн, но е „пресечен“ од силите за гаснење пожаи и не се шири. Пожарот во кумановско, помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино сѐ уште не е целосно под контрола, поради тоа што делумно се простира на непристапен терен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Целосно не е локализиран ниту пожарот во општина Струга, кај село Делгожда. Таму во најголем дел гори сува трева. Пожар денеска избувнал и во битолско, кај селото Лознани, а пожар повторно има и кај селото Лезово, во регионот на Пробиштип.