1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полскиот претседател стави вето на спорниот медиумски закон

ЖА
27 декември 2021

Полскиот претседател Анджеј Дуда стави вето на новиот закон со кој треба да се ограничи странско влијание врз медиумите во земјата.

https://p.dw.com/p/44s2l
Polen Krakau | Medienfreiheit | Protest gegen Lex TVN
Фотографија: Beata Zawrzel/NurPhoto/picture alliance

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, одби да стави потпис врз новиот закон за медиумите во сегашната форма. Парламентот во Варшава го усвои законот кратко пред Божик. САД, исто како и Европската комисија, предупредија на опасностите од ограничување на слободата на медиумите предизвикани од законот. Национал конзервативниот Дуда апелираше до Сејмот, долниот до на Парламентот, да пронајде посоодветни начини за ограничување на учеството на странски прептпријатија на медиумскиот пазар во Полска. Законот усвоен во парламентот предвидува во иднина лиценци за радио-телевизија да добиваат само странци кои имаат свое седиште или централа во економскиот простор на Европската унија. Освен тоа, носителот на лиценца не смее да биде зависен од некој чија централа или цедиште не е во ЕУ. Според критичарите, законот е насочен против  приватната телевизија ТВН,  која е дел од американскиот концерн Дискавери. ТВН24 следи критичка линија во поглед на владејачката партија ПиС во  Полска