Потврден првиот случај на коронавирус во С. Македонија
26 февруари 2020На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија, дознаваме од владини извори.
Вкупно три лица биле тестирани за коронавирус на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип. Кај двете од нив резултатите се негативни, а третото било позитивно.
Се очекува министерот за здравство, Венко Филипче во 17 часот да ја информира јавноста подетално за случајот. Се работи за македонски државјани кои периодов допатувале од Италија, а на Инфективната клиника денеска се пријавиле сами.
Повеќе:
Македонските власти се мобилизираат за коронавирусот
Коронавирус: Како најдобро да се подготвам во случај на пандемија?
Коронавирус - пандемијата доаѓа, преземете одговорност!
Филипче најави дека во текот на денот ќе пристигне уште еден авион од Италија на скопскиот аеродром, а попладнево ќе биде донесена одлука дали ќе има изолација за сите патници од ризичните региони. Денеска почнува набавката на дезинфекциски средства за училиштата, како и дополнувањето на резервите на опрема што е заштитна опрема за медицинскиот персонал.