По три недели, вирусот се врати во Нов Зеланд
16 јуни 2020Нов Зеланд веќе не е територија без заразени со коронавирусот, откако здравствените власти соопштија дека позитивно се тестирани две жени, кои допатувале од Лондон да ги видат родителите кои биле на смртна постела.
Пред да се тестираат, на жените врз основа сочувство им е дадено одобрение да го напуштат карантинот и да патуваат од Оукланд до Велингтон со автомобил. Министерот за здравство, Ешли Блумфилд, изјави дека жените за време на патувањето со автомобил немале никакви контакти со луѓе или јавни места.
Поради новите случаи во Нов Зеланд започнати се тестирања на сите кои би можеле да бидат во близина на овие две жени. Тестирањата ги вклучуваат патниците и авионскиот персонал на нивните летови преку Бризбен во Австралија, луѓето во хотелот во Оукланд каде на почетокот престојувале во карантин, и членовите на нивните семејства со кои се сретнале во Велингтон.
Повеќе:
- Кина: Враќање во кризниот режим
-Шведска изолирана во Скандинавија поради корона-бројките
-Тешко до вакцина која сите еднакво ќе ги штити од коронавирусот
Жените се сместени во изолација во Велингтон, а погребот на нивните родители е откажан додека не закрепнат. До денеска на Нов Зеланд над три недели немаше нови случаи на заразени со коронавирусот, а сите кои го имаа вирусот оздравеа, додека 22 лица починаа. Во земјата се укинати бројни рестрикции воведени во рамките на борбата против вирусот.