Предвремени избори во Словенија на 4 декември
28 септември 2011Предвремените парламентрани избори во Словенија се закажани во услови кога земјата се соочува со економски проблеми. Само два дена откако парламентот и‘ изгласа недоверба на владата на премиерот Борут Пахор, рејтинг агенцијата „Мудис“ минатата недела го намали кредитниот рејтинг на Словенија за еден степен - од Аа2 на Аа3, со најава за можно негово дополнително снижување.
Вчера, инаку, словенечкиот парламент одобри проширување на овластувањата на Европскиот фонд за финансиска стабилност. Фондот, формиран лани, има за цел давање помош на држави со финансиски проблеми. Сите 17 држави од еврозоната треба да го ратификуваат проширувањето на овластувањата на Фондот, кој располага со 440 милијарди евра, за да може да стапи на сила. Словенија е осма држава од еврозоната која го одобри проширувањето. Доколку биде проширен, Фондот би можел да купува владини обврзници на држави со економски проблеми или да позајмува пари на нивните влади пред да влезат во криза.
Автор: ЖА/АМ/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска