Премиери на Саемот на автомобили во Женева
По неколкугодишна криза, во Женева, годинава со далеку подобри прогнози се среќаваат европските производители на автомобили. За првпат од 2007. година, на стариот континент расте продажбата на автомобили.
Сѐ уште во тајност
Саемот во Женева вообичаено го најавува почетокот на сезоната во која се бира најдобриот автомобил на годината. На автосалонот се најавени 100 светски и европски премиери и учество на 250 излагачи. На фотографијата може да се види, сѐ уште 'прекриената' Тојота Ајго. Електричниот автомобил повеќе не е во фокусот, туку модели со конвенционални мотори, но со мала потрошувачка.
Динамиката на прво место
Ауди на Саемот во Женева ќе ја претстави третата генерација на спортското купе ТТ. Веќе 16 години фирмата од Инголштад, од сезона во сезона се обидува да понуди нешто ново во категоријата спортски модели со посебен акцент на аеродинамиката. Вниманието секако ќе го привлече и новиот кабриолет С3 со 300 коњски сили, како С1 спортбекот.
Малиот „голем“
Сопственикот на Ауди, концернот Фолксваген, во Женева планира да претстави „помирни“ модели. Ќе бидат претставени различни модели на Поло, како и преработениот Широко.
Во Опел ништо ново?
Уште еден подобрен модел од малата класа ќе има своја премиера. Во Опел нема големи премиери, сѐ се врти околу доработените верзии на веќе постојните модели, како Опел Адам.
Малечкиот Француз
Секако се мисли на Рено Твинго, кој на пазарот за првпат се појави во 1993 година. Многумина тогаш беа одушевени од неговиот дизајн. Најголемата промена е што моторот сега му е позади, што е првиот позначителен резултат од соработката со Смарт.
Црвениот змеј
Од исток пристиггнува нов дизајн. Минатата година Кинезите ја претставија компактната лимузина Корос 3. Овојпат светска премиера ќе доживее малку изменета варијанта на овој модел, наречен Хеч (со мотор во задниот дел).
Корејски концепт
Моделот Интрадо на Хјундаи сигурно ќе привлече големо внимание, со оглед дека Корејците се концентрираа на визијата на мобилност во иднината. Дизајнерите беа инспирирани од иновациите во авијацијата, трагаа по нови, модерни материјали, и кон поголема ефикасност на моторот.
Баварски семеен автомобил
Враќање во секојдневието: тоа би требало да звучи како револуција на баварски. Моделот Aktivе Tourer не само што е првиот мини-теренец на БМВ, туку има и преден погон. Со тоа, Голф и Б- класата на Мерцедес добија конкуренција.
Елегантна С-класа
И стигнавме до Мерцедес: Швабите во Женева се упатија со С-класа, и тоа купе. За оние со подлабок џеб, овој модел може да се порача и со Сваровски кристали. Исто така за првпат ќе бидат претставени и новата Ц и В класа.
Ништо семејно
Модел кој не е препорачлив за семејствата со мали деца. Хуракан е новото чудо на Ламборгини, како замена за моделот Гајардо: V10 мотор, 610 коњи, 100 km/h за само три секунди. Цена, од 200.000 евра.
Преде како...
Не помалку пари ќе треба да се издвојат (180 илјади евра) и за новиот Ферари. Моторот од типот Калифорнија Т располага со 560 коњски сили. Би-турбо полнењето на моторот овозможува неверојатен обртен момент од 750 Њутн метри. Тоа е и гаранција за единствениот звук на моделите на Ферари.
„Тапациран“ однадвор?
И за крај, моделот со најоригинален дизајн. Во Женева ќе биде претставен Ситроен Кактус. На многумина им изгледа дека со овој дизај Ситроен отишол предалеку. Во категоријата на мали автомобили, концернот ќе се потпре на Ц1 и Пежо 107.