Претседателски избори во Словенија
21 октомври 2007Според анкетите, Петерле меѓу седумтемина кандидати, има најдобар пласман, меѓутоа не може да смета на избор уште во првиот круг. Во вториот круг што би се одржал на 11 ноември, Петерле веројатно ќе се сочи со Данило Турк, бивш дипломат, или против Митја Гаспари, поранешен шеф на централната банка на Словенија. Обајцата ги поддржуваат централно-левите партии кои доминираа во политиката до 2004 година. Треба да се сочека вториот круг за да се види дали Петерле може да загуби, смета Мета Роглич, коментаторка од весникот “Дневник“.
59-годишниот Петерле и припаѓа на партијата Нова Словенија и е кандидат на трите најголеми партии во владината коалиција. Во моментов е словенечки партеник во Европскиот парламент.
Новиот претседател ќе стапи на должност во декември, непосредно пред Словенија да го преземе претседателството на Европската унија од Португалија. Претседателот на државата додуша, пред се има репрезентативна улога, меѓутоа ќе ја застапува Европската унија во многу меѓународни контакти.
Досегашниот претседател Јанез Дрновшек ја напушта функцијата по два петгодишни мандата. Во последно време меѓу него и премиерот Јанез Јанша, кој е на таа функција од 2004 година, имаше несогласувања.